Времето ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневните од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и свежо со утринска температура до 12 степени, а дневна до 21 степен.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

