Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вредната Сања вози трактор, го подмачкува комбајнот, жнее: „Животот на село е тежок, но не би заминала одовде за никакви пари“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вредната Сања вози трактор, го подмачкува комбајнот, жнее: „Животот на село е тежок, но не би заминала одовде за никакви пари“
Магазин

Вредната Сања вози трактор, го подмачкува комбајнот, жнее: „Животот на село е тежок, но не би заминала одовде за никакви пари“

Објавено 16/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сања Милковиќ од селото Вашица во близина на Шид, Србија, уште од мала го користела секој момент за да оди на нива со својот татко. Сакала да се вози во трактор и да работи на полето. По завршувањето на основното училиште се запишала во Шумарското училиште во Сремска Митровица, но не се пронашла таму, па решила да се врати во селото за да му помогне на својот татко во земјоделството, пишува Хрватска ријеч.

„Возам трактор уште од мала. Од кога можев сама да се качам на тракторот, седев во скутот на татко ми додека тој возеше, а подоцна тој седеше до мене додека јас возев. Од татко ми научив сè за земјоделството. Додека тој сееше, јас како мала одев со него на поле и правевме сè заедно. На нивата сум сама во природата и тоа ме опушта“, вели Сања, додавајќи дека љубовта кон оваа работа и е всадена уште од мали нозе и се пронашла во неа.

Фото/hrvatskarijec.rs

Нејзиниот работен ден започнува во раните утрински часови. Тогаш прави распоред на дневните активности со татко и и мајка и. Секогаш има работа, особено во сезоната на жетва.

„Кога е во тек жетвата и кога има најмногу работа, станувам многу рано. Го подмачкувам комбајнот, го подготвувам за работа за да биде сè во ред. Кога татко ми оди на поле да работи, ја закачувам приколката на тракторот и тргнувам по него. Кога приколката ќе се наполни со соја, одам да ја предадам на воденицата. Татко ми ја зема празната, а јас ја влечам полната за да ја предадам“, објаснува Сања.

„Работа има и за мајка ми и сестра ми кои доаѓаат од Нови Сад, тие ја растовараат пченката, за пет дена четворица ја жнееме пченка, растовараме сè и средуваме.“

Фото/hrvatskarijec.rs

На Сања не и е непозната работата околу поправките на земјоделската механизација. Вели дека не е стручњак за оваа работа, но дека кога ќе „згусне“ и кога нема мајстор, се труди сама да поправи нешто и, како што гордо вели, успева и во тоа.

Нејзиниот татко Мирко е горд на својата ќерка, која преземала голем дел од работата.

„Имам голема желба да имам нов комбајн, нови трактори и модерни машини. Сакам да останам на село. Не би заминала одовде за никакви пари. Понекогаш одам кај сестра ми во Нови Сад каде што останувам неколку дена, но потоа едвај чекам да се вратам дома. Не ми се допаѓа градот и гужвите. Животот на село е тежок, но сакам да живеам овде и покрај сè“, вели Сања.

„Јас сум една од ретките девојки од селото која е целосно посветена на оваа работа. Сите ме прифатија, но не можат да веруваат со колку љубов работам во земјоделството. Но, не размислуваме сите исто. Мојата генерација најмногу размислува и фантазира да отиде што подалеку одовде и да се посвети на некоја друга работа. Мене тоа не ме влече. Сакам мојот живот да го поминам на село“, вели Сања.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:комбајнТрактор
Претходен напис Индекси на цените во земјоделството, април 2022 година
Следен напис Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?