Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вратени пратки со пиперки и трпезно грозје од Бугарија и Црна Гора завршиле на македонски пазар – АХВ утврдиле дека се безбедни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вратени пратки со пиперки и трпезно грозје од Бугарија и Црна Гора завршиле на македонски пазар – АХВ утврдиле дека се безбедни
Агровести

Вратени пратки со пиперки и трпезно грозје од Бугарија и Црна Гора завршиле на македонски пазар – АХВ утврдиле дека се безбедни

Објавено 26/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пиперки и грозје вратени од Бугарија и Црна Гора поради утврдени пестициди над дозволените граници, завршиле на домашен пазар. Пратката од Хрватска пак била уништена, информира Телма.

Ова го потврдија и од Агенцијата за храна на прашања на Телма. Изминатиот период излегоа известувања  дека пратки наменети за пазари во држави во регионот, не стигнаа на планираните места. Во одговорот од АХВ стои дека во претходните  три месеци вратени биле вкупно четири – три со пиперки и една пратка со црвено трпезно грозје.

Контролите таму утврдиле остатоци од пестициди, но кога стоката се вратила во земјава, биле направени проверки во домашните лаборатории кои покажале негативни резултати за присуство од пестицид, по што истите биле ослободени и пуштени во промет или на понатамошна преработка.

За  првата  пратка пиперки од Бугарија извршени се лабораториски анализи на примерок земен во лабораторија со акредитирани методи, при што се добиени негативни лабораториски резултати за присуство на резидуи од пестициди ,со што истата е ослободена за промет или понатамошна преработка, пишува во одговорот на Агенцијата за храна и ветеринарство 

И втората пратка пиперки од Бугарија поминала низ нова анализа во земјава. Мострите се проверувале во две лаборатории – државната фитосанитарна и во лабораторија во Струмица. И на двете места не биле откриени остатоци од пестициди.

Слична постапка била применета и со 14 те тони црно трпезно грозје вратено од Црна Гора. И за овие количини анализите направени на домашен терен биле негативни, па АХВ одлучиле да го ослободат за промет или за понатамошна преработка.

Но, пратката со пиперка куртовска капија вратена од Хрватска била уништена

Пратката црвена пиперка вратена од Хрватска е нештетно уништена, додаваат од АХВ

Но, тука не завршуваат проблемите со пласманот на македонски производи на странски пазари.  Во истиот овој период преку Европскиот систем за брзо предупредување за храна, АХВ добиле уште четири известувања од Хрватска за речиси 50 тони овошје и зеленчук од Македонија.

Станува збор за сливи и пиперки. Дел од овие пратки буле уништени во Хрватска, а дел задржани на граница и не биле пуштени во промет, но не е  наведено што се случило со нив.

Извор – Телма

Може да ви се допадне

Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп, поднесена кривична пријава
Ловечки испит денеска во МЗШВ
Хрватски Завод за статистика: За една година цената на обработливото земјоделско земјиште се зголеми за 758 евра
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Променливо облачно, со локален дожд
Таг:ахвгрозје
Претходен напис Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп, поднесена кривична пријава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?