Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исмаил Текешаноски од Канатларци: Со оваа мизерна цена на јагнето, една овца нема да остане
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Исмаил Текешаноски од Канатларци: Со оваа мизерна цена на јагнето, една овца нема да остане
Сточарско производство

Исмаил Текешаноски од Канатларци: Со оваа мизерна цена на јагнето, една овца нема да остане

Објавено 27/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувачите на овци бараат поддршка од ресорното министерство поради лошата состојба со годинешниот откуп на јагнето. Велат дека цената се движи од 200 до 230 денари за килограм, што е многу ниска цена и неисплатливо за нив.

Еден од нив е и сточарот Исмаил Текешаноски од Канатларци – Прилепско. Тој, заедно со неговото семејство одгледуваат 300 грла овци.

-Состојбата со откупот на јагнето е катастрофална. Цената е многу ниска и воопшто не се исплати да ги чуваме овците. Ние цело семејство, заедно со децата сме ангажирани околу овците, а со парите што ги земавме оваа година од јагнето само храна што треба да купиме за нив. Имам уште 90 јагниња за продавање, денеска дадовме 170 по мизерна цена од 210 денари – изјави за Агротим, Текешаноски.

Неговиот револт и разочарување е најмногу поради тоа што цело семејство, и малите деца се вклучени во одгледувањето на овците, а нема никаков бенефит од тоа.

-Сите сме ангажирани околу овците, сопствена земја немаме па работиме под кирија од други за да произведеме добиточна храна. Работиме, се мачиме, а најмногу ми е криво за децата што на 12 години помагаат и тие, ама за џабе, не се исплати. Вака како што е цената на јагнето ниска, ако продолжи овца нема да остане, а не да планираме да го прошируваме стадото – вели Текешаноски.

Освен за ниската цена на јагнето, тој се пожали и на нередовните субвенции и моделот според кој мора 50% од јагнињата да се дадат во кланица за да се добијат субвенциите.

Што се однесува до производството на млеко, го предаваат во Млекарата „Здравје Радово“ и се задоволни од соработката.

-Имаме свој лактофризер дома, млекото го даваме во Млекарата Здравје Радово, задоволни сме од соработката, навреме пуштаат пари и досега не сме имале никаков проблем – вели Текешаноски.

Овчарството кај нас последните години бележи надолен тренд. Се помалку млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со овчарство поради специфичноста на работата, немањето доволно овчари, нередовните субвенции, а последниве години и со ниската откупна цена на јагнето.

Нивниот апел за помош од државата да се зачуваат стадата мора сериозно да се сфати од страна на надлежните инситуции. Овде се работи за обезбедувањето на основната егзистенција за живот на цели семејства кои одлучиле да останат во селата и да се занимаваат со земјоделско и сточарско производство. Тоа е крајно добро за целата држава, за домашното производство на храна, за намалување на зависноста од увоз…

Прекрасното младо семејство Текешаноски заслужува да има достоен и убав живот со својата работа. Како впрочем и многу други земјоделски семејства во оваа држава.

Може да ви се допадне

Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
(ВИДЕО) Овча сипаница во истокот, ново жариште во село Соколарци, болеста потврдена и во други региони
Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Таг:јагнињаовциоткупсточарско производство
Претходен напис Вонредна состојба во Словачка поради ШАП И ЛИГАВКА, премиерот со изјава – Ова е смртно сериозна работа!
Следен напис Во 2024 година зголемено производството на компир, краставици, јаболки и цреши, а намалено на ориз и сончоглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?