Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ-единствен електронски систем за патарина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ-единствен електронски систем за патарина
Агровести

Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ-единствен електронски систем за патарина

Објавено 20/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ за РТС, системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори.

-Системот во моментов е во тест фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на системите за наплата во Република Српска, каде што веќе ги тестиравме нашите уреди и тие работат, како и во БиХ и во Црна Гора, кажа Дарко Савиќ.

Тој појасни дека во рамките на „Отворен Балкан“ системот ќе функционира со поврзување на ТАГ уредот со платежната картичка на корисникот и дека не е потребно надополнување, туку парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот.

Тој нагласи и дека во Србија во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици за корисниците на електронско плаќање за да можат побрзо да минуваат низ наплатните станици.

Во надлежност на „Патишта на Србија“ се автопатишта во должина од 830 километри и 66 наплатни станици, а планирано е да се отворат нови наплатни станици кога ќе се изградат новите автопатишта.

Во Србија електронското плаќање во моментов е најчест начин на наплата на патарината и во системот за наплата има повеќе од 550.000 активни корисници.

Може да ви се допадне

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Таг:Патишта на СрбијаТАГ
Претходен напис ФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти”
Следен напис Германска компанија развива биостимулатор за да се намали употребата на ѓубрива за 50%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?