ПОЧИТУВАНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ!
Ве известуваме дека на 1.03.2022 г. (вторник) во Валандово ќе се одржи првата трибина од проектот Договорното производство на органска пиперка сезона 2022, во организација на Агротим.
Ги покануваме сите заинтересирани земјоделци во 19 часот во Домот на Културата во Валандово на едукативно информативна средба на која учество ќе земат земјоделски производители, советничка за органско производство, претставник од сертификациска куќа како и претставници од Агротим.
На трибината ќе се разговара за предностите на Договорното производство како најдобро решение за земјоделците и преработувачите и за начинот и условите за органско производство кај нас.
Ќе ги добиете сите потребни информации како да бидете дел од проектот Договорно производство на органска пиперка.
Ве очекуваме!