Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот
АгровестиПазари

Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот

Објавено 25/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, 25 февруари 2022 година, во просториите на Владата на Северна Македонија се одржа меѓуресорска координација на институциите вклучени во иницијативите и проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.

Националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми ги запознаа државните секретари и одговорните службеници од ресорните министерства и директорите на релевантните државни агенции со сите актуелни и планирани домашни и меѓународни процеси кои произлегуваат од трилатералната соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а учесниците на средбата презентираа осврт на сработеното и на остварените резултати до сега.

Евидентен е напредокот во спроведувањето на договорот во областа на царинските олеснувања за граѓаните и фирмите во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, а во месеците пред нас следува и унапредување и олеснување на меѓуграничниот проток за граѓаните, возилата и камионите, а очекувани се конкретни резултати кои водат кон даночни усогласувања и олеснувања меѓу трите држави, како и на намалување или отстранување на таксите и трошоците при меѓународниот проток на услуги, луѓе, добра или информации.

На работната средба започнаа и меѓуресорските соработки во областите туризам, култура и млади меѓу институциите од македонска страна, со цел Северна Македонија да даде сериозен и суштински придонес кон Отворен Балкан во делот на е воспоставување контакти, познанствата, размени и заеднички иницијативи меѓу граѓаните и особено меѓу младите од регионот, преку организација на настани, туристички понуди, спортски турнири, културни случувања, научно-истражувачки хабови итн.

Денешната работна средба беше искористена и за меѓусебна координација на институциите во очи следниот лидерски самит на Отворен Балкан кој пролетва ќе се одржи во Северна Македонија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворен балканпазарисеверна маледонија
Претходен напис Кичевските фармери бараат повисока откупна цена на млекото
Следен напис Во вторник во Валандово прва трибина за Договорно производство на органска пиперка – сезона 2022, ве очекуваме!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?