Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тетово се оценува квалитет на мед од 260 пчелари од 21 земја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Тетово се оценува квалитет на мед од 260 пчелари од 21 земја
Агровести

Во Тетово се оценува квалитет на мед од 260 пчелари од 21 земја

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Универзитетот во Тетово вчера триесетина судии започнаа со органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед во рамки на четвртиот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ (Tetovo Honey awards) што го организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Пристигнаа 260 примероци на пчелари од 21 земја.

Фото/МИА

-Го организираме натпреварот по четврти пати благодарение на помошта на Министерството за земјоделство и Универзитетот, Факултетот за прехранбени технологии, без нивна поддршка немаше да добие академски апспект оваа манифестација. Задоволен сум од тоа што мострите од првиот натпревар и сега по четврти пат имаат голема разлика не само во однос на квалитетот и во однос на презентацијата. Би бил многу среќен ако дел од пчеларите почнат да работат секојдневно по овие стандарди и гледаме дека овој натпревар помага да се подигне квалитетот на македонскиот мед. Јас сум сведок на тоа дека не само тука, туку највисоки оценки се добиваат и на меѓународни натпревари. Треба да работиме повеќе на презентација на нашиот мед затоа што Господ ја дава оваа клима да произведуваме квалитетен мед, изјави Дритон Дикена од организацијата на натпреварот, пренесува МИА.

Експертите и судии го оценуваат медот според боја, вкус, арома, влажност, чистота, по што ќе следуваат лабораториски анализи на хемиски состав. На 1 октомври ќе се знаат и наградените и двете здруженија ќе ја организираат манифестацијата „Слатки денови на Тетово“.

–Гледаме заедничка работа на две здруженија „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“, особено ми е драго за тоа, имаме исполнување на една иста национална цел, промоција на македонскиот мед како една од најквалитетните. За уште поголема промоција придонесува Министерството кое финансиски поддржува манифестација со 250 иладји денари, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој присуствуваше на денешниот настан.

Фото/МИА

Во 2021 година Министерството евидентирало пријавени 312 илјади пчелни семејства од пчелари кои се пријавиле за субевнции. Во 2012 година имало 150 илјади пчелни семејства.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:медтетово
Претходен напис Прскање против комарци во Скопје
Следен напис СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?