Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година
Агровести

СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И во време на светска економска криза, СДСМ преку Владата и надлежното министерство што ги предводи, продолжува со вистинска поддршка за сите земјоделци. Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека оваа мерка ќе ја користат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или пак е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.

Низ инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винариите успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто, што е особено важно во кризна година.

Оваа година грозјето од сортата Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.

Со дополнителните мерки на овие веќе договорени и гарантирани цени од 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 односно 17 денари.

Преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, предвидена е и поддршка за винарииите, а корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино.

Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата на виното.

Продолжуваме да реализираме мерки и политики кои овозможуваат директна помош за земјоделците и зголемено домашно земјоделско производство, се вели во соопштението од СДСМ.

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:грозјеоткупцени
Претходен напис Во Тетово се оценува квалитет на мед од 260 пчелари од 21 земја
Следен напис Поради габична болест запрени испораките на портокал од Јужна Африка во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?