Како што беше најавено од МЗШВ, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа е во Општина Прилеп каде се сретна со тутунарите кои од неделата излегуваат на протест поради, како што велат, ниска откупна цена на тутунот.
На средбата присуствуваат и градоначалникот на Општина Прилеп, како и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.
Од страна на тутунарите се ИО на незадововолните тутунари и претстедателот на Сојузот на тутунарски здруженија.
Тутунопроизводителите од прилепско и денеска одржаа мирен протес во знак на револт од, како што велат, ниската откупна цена на тутунот.
Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „групата македонски тутунари“, тие нема да го дадат тутунот за цената на една кутија цигари и по досегашната цена од 120-тина денари.
-Ние сме група македонски тутунари и самоиницијативно решивме ова да го покренеме. Нашата мака вреди една кутија цигари. Станување во 2 часот, целодневна работа, и сето вреди 100 денари. Се проценува во трета и во четврта класа, а одбитоците се 10 отсто – изјави Мирчески.
Се бара цената да не биде под 200 денари, да се цени реално според квалитетот. Побараа државата да најде начин да ги заштити.
Актуелната тутунска реколта има понизок квалитет од лани поради временските услови, а во Тутунски Комбинат производството реално се цени, и реално маката на тутунарите се проценува, тутунарите како и лани, го предаваат тутунот, и веднаш другиот ден парите ги имаат на своите сметки, потенцираше генералниот директор на Комбинатот Кире Станкоски на прес конференција , како одговор на искажаните тврдења на протестите од страна на земјоделците.
Како што објавува Радио Пела, Станкоски на прес конференцијата рече дека:
– Сите тутунопроизводители знаат дека се работи за послаб квалитет од минатата година. Имавме многу лоша пролет во време на расадување на тутунот и 20 до 30 отсто од тој тутун не успеа да биде прифатен на нивите. Имавме страшно сушно летен период, а потоа во август имавме огромни врнежи и топло време и тутунот некаде нагло прерасна. Сето тоа влијаеше да добиеме квалитет со некој послаб квалитет за разлика од минатата година. Она што кај нас доаѓа реално се цени и реално маката на производителите се исплаќа, како што ветивме од денеска предаден тутун, финансиските средства на своите сметки ги имаат наредниот ден.
