Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иновативност: Словенија со развој на “паметни села” ги решава економските проблеми на руралните средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Иновативност: Словенија со развој на “паметни села” ги решава економските проблеми на руралните средини
Рурален Развој

Иновативност: Словенија со развој на “паметни села” ги решава економските проблеми на руралните средини

Објавено 08/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Емилија Стојменова Дух е Македонка која живее и работи во Словенија. Таа е електроинженер и професор на Електротехничкиот факултет во Љубљана. Основач е и директор на мрежата FabLab Slovenia и на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Активна е во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионалниот проект #HiddenNoMore на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.

Еден од успешните проекти во Словенија се и паметните села. Може ли да ни го објасните концептот?

Тоа е проект на кој сум многу горда. Се работи за дигитална трансформација на руралните средини со цел луѓето да остануваат таму, бидејќи квалитетот на живот е многу повисок отколку во големите градови. Избравме четири региони каде што има луѓе со кои можеме да оствариме најдобра соработка. Тоа ни беше потребно заради воспоставување на концептот на локални херои. Тоа се луѓе кои се почитувани во својата средина, ги знаат потребите на локалната заедница, а нашата улога е да ги задоволиме со технологијата која ни е на располагање преку влијанието на локалните херои. Реализиравме повеќе проекти во кои поставуваме wifi access point, обезбедуваме туристички тури, купување локални производи и друго. Сето ова не се примери на висока технологија, туку на апликативна технологија со која сакаме да ги решаваме проблемите на луѓето. Едноставно, ги бараме потребите и болките на луѓето и сакаме да ги решиме.

Во проектот паметни села инвестиравме во инфраструктура преку јавно-приватно партнерство со вклучување и на локалните бизниси. Немаме државна стратегија за паметни села, туку конкретно работиме на неколку пилот проекти, да покажеме што е можно да се направи во локалните заедници, а преку нив да дадеме одреден инпут во државата.  

Ќе го наведам примерот во една област во Словенија, каде туристите поминуваа но не застануваа да купат било што. Таа слика ја сменивме со та што воведовме бесплатен интернет на бензинската станица каде што најчесто застануваа странците и со конектирање на Интернет тие почнаа да добиваат информации за тоа што се има в селото во близина, што може да купат, каде може да јадат, да добијат купони за попуст и слично. Тоа значително ја промени економската ситуација во тоа место.

Интервјуто во целост на следниот линк

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Словенија пронашла сорбинска киселина во суво овошје од Србија
Таг:економска ситуацијаразвојселасловенија
Претходен напис Во тек средбата на министерот Хоџа со незадоволните тутунари во Прилеп
Следен напис Хоџа: До петок прекин на протестите додека не се одржи заедничка средба на тутунарите со откупувачите, под медијаторство на МЗШВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?