Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпанските научници докажале дека, печурките на скара се најздрави!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Шпанските научници докажале дека, печурките на скара се најздрави!
МагазинСовети

Шпанските научници докажале дека, печурките на скара се најздрави!

Објавено 08/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веројатно отсекогаш сте се прашувале како треба да ги подготвувате печурките, а при тоа тие да го задржат нивниот полн  вкус и сите витамини. Тим истражувачи од Центарот за истражувања и технологии за печурки во Ла Риоха во Шпанија, дошле до многу важни откритија кога станува збор за подготовката на печурки.

Печурките, како и растенијата и животните, имаат многу специфична комбинација на хранливи вредности. Во основа немаат маснотии и калории, но се многу богати со протеини и имаат широк спектар на витамини и минерали (витамин Б2, ниацин, манган, рибофлавин, калиум и цинк). Сепак, сите знаеме дека  било кој производ кога е изложен на топлина, тој целосно го менува својот хранлив состав.

Новото истражување спроведено на неколку најпопуларни видови печурки, вклучувајќи шампињони, шитаке и буковки, покажа неверојатни резултати. Имено, сите овие видови на печурки поминале низ четири различни начини на подготовка: длабоко пржење, варење, подготовка во микробранова печка и скара. Врз основа на овој експеримент, истражувачите откриле во кој метод на подготовка печурките сочувале најмногу хранливи материи.

Се разбира, постојат низа други начини за  подготвка на печурките. Некои од нив се  пржење во тава,  печење, динстање или правење на чорба. Сепак, од оние методи што биле тестирани, подготовката на печурките на скара и во микробранова печка се покажале како најдобри.

Истражувачите откриле дека при ваквиот начин на подготовка немало значителен пад на витамините и минералите. Исто така, истражувачите не успеале да откријат за било каква промена на содржината на антиоксидантите во однос на сировата печурка. Истражувачите исто така сметаат дека е прифатливо да додадете малку масло во печурките пред печењето.

Едно е сигурно, сите сакаме печурки на скара, но колку од вас всушност подготвуваат печурки во микробранова печка? Можеби е време да се обиде и тоа.

Извор: Агромедија

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:научниципечуркискарахранливи состојки
Претходен напис 12 чекори за успешен рурален туризам – започнете сопствен доходовен бизнис!
Следен напис Во тек средбата на министерот Хоџа со незадоволните тутунари во Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?