Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во тек се 4 јавни повици за земја: Ново е што можете сами да пројавите интерес за слободна земја, за една, повеќе или дел од катастарска парцела, до 3 ха


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека се во тек вкупно четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Последниот ден за поднесување на пријави за учество на јавниот повик е 22.01.2020 година.

Првиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини е во следните региони: Врапчиште, Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Карпош и Куманово.

Вториот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е за сите катастарски општини во следните региони: Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес.

Третиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Четвртиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга и Струмица.

Предмет на постапката на овие повици може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.

За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овие јавни повици, земјоделците имаат можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја. Целта на овие јавни повици е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни. Земјиштето може да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

МЗШВ на овој начин создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште. Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски површини.

Сите заинтересирани земјоделци детално моќе да се информираат за овие повици на официјалната страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадешто може да го пополнат и својот образец .

Јан 12, 2020agrotim1
Снежно на Ѓавато и Стража – АМСМ со важна информација за возачитеМлад фармер од Бугарија чува овци со помош на дрон
Коментари: 1
  1. Љупчо
    12/01/2020 во 16:04

    Дали може да се изгради фарма на државно земјиште под закуп

    ОдговорОткажи

Напишете коментар Откажи одговор

12/01/2020 1 Коментар Агровестземја, јавен повик, Кочани, огласи, Радовиш954

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019