Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Млад фармер од Бугарија чува овци со помош на дрон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Млад фармер од Бугарија чува овци со помош на дрон
Магазин

Млад фармер од Бугарија чува овци со помош на дрон

Последна измена: 12/01/2020 19:39
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Рејхан Алиосман успешно го затвори производниот циклус во својата млекара, со идеја за развој на рурален туризам

,,Купивме дрон за да ги набљудуваме животните кога се на пасиштата. Дури и ако се опкружени со електрична ограда, убаво е да имате и дрон, затоа што ви овозможува да видите што се случува со стадото и брзо да реагирате ако има проблем,- вели фармерот Рејхан Алиосман за потралот https://agri.bg

Според неговите зборови, воведувањето нови технологии заштедува не само време, туку и работна сила. Се разбира, потребна е почетна инвестиција, но таа се исплатува со текот на времето. Имено,  благодарение на неговата иновативнст во размислувањето и претприемачкиот дух, на Рејхан му беше доделена наградата Млад земјоделец на годишниот состанок на Националното здружение на овци и кози кој се одржа на крајот на минатата година .

Овој млад човек е фармер од четврта генерација во неговото семејство. Денес, заедно со неговиот татко Ружди води семејна фарма во селото Каменар во Бургарија. Се наоѓаат на сртот на Стара Планина, на 600 метри надморска височина.

„Ние од секогаш сме одгледувале животни, но во 2002 година почнавме да го формираме стадото, почнавме да правиме вкрстувања, за да добиеме подобра селекција“, бели Рејхан.

Во моментов имаат 1200 грла овци, 200 кози и 50 крави.

„Во последниве години,  голем број од сопствениците на фарми кај нас ги продаваат козите, а ние сакаме да го зголемиме бројот. Трендот е дека има поголема побарувачка на козјо млеко низ цела Европа. Ова е уникатно млеко кое има добра цена “, убеден е одгледувачот.

Според неговите проценки, фармата има капацитет да расте. Стадото овци може да се зголеми на 2000. Исто така, постои побарувачка за кравјо млеко, од кое што во нивната мандра  сакаат да произведуваат  традиционален балкански кашкавал.

„На почетокот се прашувавме како ќе  најдеме клиенти. И во еден момент, кога требаше да продаваме, клиентите се најдоа сами  затоа што произведувавме квалитетни производи. Денес продаваме во  продавници за млечни производи во Бургас, Варна, Софија. Ние ги снабдуваме и  пекарите. Имаме кпувачи кои доаѓаат  дирекно во продавницата на млекарата“, радосен зборува Рајхан.

Рејхан Алиосман: „Кога ќе го затворите производствениот циклус, мора да разјасните како ќе го финансирате проектот. Дали банката ќе ви даде кредит. Мора да бидете флексибилни со пазарот“.

За да не зависи од препродавачите и за да може да ги продаде добиените суровини, младиот фармер изгради млекарница со помош на под-мерката  „Инвестиција во преработка / маркетинг на земјоделски производи“.

„Повеќе од една година произведуваме свои производи од овци и кози – сирење, кашкавал, изварка, свежо млеко и јогурт. Прво го продававме овчото млеко во  млекарницата, на 10 август, тие престанаа да го купуваат затоа што ги исполнуиле своите капацитети. Тогаш се запрашувавме што да правиме со тие 300 литри млеко што ги молзевме дневно. Сега бидејќи направивме своја млекарница, веќе го немаме овој проблем “, објаснува фармерот.

Покрај под-мерката 4.2, Рајхан има искористено уште два проекти во рамките на под-мерката 4.1 „Инвестиции во земјоделски стопанства“. Со првото Еврофинансирање во 2016 година, тие купиле сала за молзење, хранилка за јагниња и јариња, трактор, приколка , приколка за фуражни работи, преден натоварувач, балирачка, косилка.

„Вториот проект од под-мерка 4.1 е за зголемување на капацитетот на произвотствениот објектот. Имаме голема сала и таа е за 700 животни. Сега е веќе изградена. Таа е опремена со автоматска лента за напојување и силоси за хранење “, објаснува фармерот.

Неговата фарма е една од ретките во Бугарија каде се применува рано одбивање на јагнињата од доење. Оваа технологија е веќе воведена во фарми од Западна Европа, но  во Бугарија допрва доаѓа.

„Откако ќе го земеме колострумот, ги раздвојуваме малечките и ги храниме со цуцли. Ова ја подобрува ефикасноста и цената на млекото. Сепак, јагнињата сакаат поголема грижа, па затоа постојано има некој со нив. Макотрпно е, но вреди “, убеден е Рејхан.

Тој ги одгледува животните на пасиште и има свое и изнајмено општинско земјиште. Одгледува и повеќе сезонски култури – овес, ‘рж, луцерка.

Рејхан Алиосман: „Имам идеја да ја развијам фармата како туристичко место“

Самата фарма опфаќа 30 хектари, со тројца работници кои работат таму под раководство на таткото на Рејхан. Во моментов, Рејхан се фокусира на млечните производи и на пазарот на производи. Исто така, постои идеја за искористување на под-мерка 7.6 “Студии и инвестиции поврзани со одржување, обновување и подобрување на културното и природното наследство на селата.

Ние се наоѓаме  на 60 км од Сончев Брег. Веќе две години туристите од Германија, Франција, Англија имаат тенденција да ги посетуваат винарските визби. За оваа година имаме договор групите туристи  да не посетуваат и нас. Сакаме да се обидеме. Ова ќе биде голем плус за фармата. Ние сакаме да се развиеме во оваа насока и да ги поттикнеме нашите сонародници “, рече младиот одгледувач кој ги сподели своите планови. 

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:Идеја за развој на рурален туризамРејхан Алиосман БугаријаФарма за овци од Бугарија
Претходен напис Во тек се 4 јавни повици за земја: Ново е што можете сами да пројавите интерес за слободна земја, за една, повеќе или дел од катастарска парцела, до 3 ха
Следен напис Кои се најголемите производители на земјоделски производи во светот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?