Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците
Агровести

Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците

Последна измена: 26/02/2021 14:06
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

– Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени  87.036.280 денари.

– Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале  своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациски единици на Управата за јавни приходи, велат од УЈП. Право на поврат на данок на личен доход добиваат физичките лица  кои оствариле доход  од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1.000.000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави. Право имаат оние кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и немаат остварено доход по друг основ кој се одданочува согласно Законот за данокот на личен доход. 

Може да ви се допадне

Министерство за земјоделство на Србија: Зголемен надзор над прометот на храна од животинско потекло
Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица
Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Таг:денариличен доходповратуправа
Претходен напис (ВИДЕО) Колбасијада во Турија – Oваа година без улична продажба, а најдолгиот колбас ќе биде дониран во хуманитарни цели
Следен напис Во Ковид годината, Хрватска забележала најголем раст на земјоделското производство
1 коментар 1 коментар
  • Necla mustafova напиша:
    на 28/02/2021 г. во 10:25 часот

    Dali imam povrat od dohod

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?