Она по што ова Колбасијада ќе се разликува од досегашните е дека најдолгиот колбас ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Организацискиот одбор и здружението на граѓани во Турија во согласност со епидемиолошката ситуација и мерките што ги донел кризниот штаб на Република Србија, донеле одлука 37. Колбасијада да биде одржана во малку поизменета форма. Вредните Туријци последниот викенд во февруари, ќе го направат најдолгиот колбас на светот и уште еднаш ќе го урнат сопствениот рекорд, оваа година најдолгиот колбас на светот ќе биде долг 2.037 метри.
„Земјаќи предвид дека здравјето на нашите граѓани, но и на многубројните гости кои во текот на трите дена ќе ја посетат Турија е на прво место, оваа година нема да има програма на бина како ни улична продажба“, се наведува на официјалниот сајт на манифестацијата.
Она по што оваа Колбасијада се разликува од досегашните е дека најдолгиот колбас ќе биде дониран во хуманитарни цели.
И оваа година ќе се одржи традиционалниот натпревар во правење колбаси, но на ниво на Општината Србобран со почитување на сите епидемиолошки мерки, а средствата од котизацијата ќе бидат уплатени на сметка за помош на семејството Кишутцаи, чија куќа изгорела во пожар.
Колбасијадата во Турија е една од најголемите гастро-туристички манифестации во овој дел на Србија кој секоја година во февруари во текот на три дена собира повеќе од 20.000 гости во малото село во општината Србобран.
Извор: agroklub.rs