Државниот завод за статистика во Хрватска процени дека, во 2020 година земјоделството остварило производна вредност од 19,2 милијарди куни. Со тоа е забележан најголем раст од 2008 година, се вели во соопштението на тамошното Министерството за земјоделство.
Споредено со претходната 2019 година, вредноста е поголема за 1,27 милијарди куни или седум проценти, со бруто додадена вредност зголемена за 12,4 проценти и нето додадена вредност за 16,9 проценти.
Кога станува збор за вкупната вредност на земјоделското производство во Хрватска, најголем дел има растителното производство, кое лани учествувало со 58,5 проценти и порасна за 8,7 проценти во споредба со претходната 2019 година.
Од друга страна, сточарството сочинува скоро 35 проценти, а во споредба со претходната година, вредноста на ова производство се зголеми за 277,4 милиони куни или 4,3 проценти. Се проценува дека сточарството во 2020 година сочинува 73,6 проценти од вкупното земјоделско производство и се зголеми за 6,3 проценти во споредба со претходната година.
Исто така, вредноста на извозот се зголеми за 5,1 процент, додека увозот се намали за 7,2 проценти, а дефицитот изнесуваше 27,6 проценти.
Најзначајните промени во вредноста на извозот на земјоделски и прехранбени производи во периодот од јануари до октомври 2020 година во споредба со истиот период минатата година се однесуваат на растот на извозот на житни култури за 73,2 милиони евра, риба, ракови, мекотели и др. 14,6 милиони, производи од житни култури, брашно, скроб или млеко – кондиторски производи 13,3 милиони.
„Ни претстои многу работа бидејќи на располагање имаме 5 милијарди евра, кои мора мудро и стратешки да ги насочиме кон хрватското земјоделство и да ја зајакнеме неговата продуктивност, конкурентност и издржливост“, рече министерката за земјоделство Марија Вучковиќ.
Според државниот завод за статистика, што се однесува до просечните цени на земјоделските производи во 2020 година, тие се зголемија за три проценти во споредба со 2015 година, додека во споредба со 2019 година се повисоки за 0,5 проценти.
Извор: Агроклуб
