Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмичко се бара килограм повеќе пролетна зелка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Во Струмичко се бара килограм повеќе пролетна зелка
Агровест

Во Струмичко се бара килограм повеќе пролетна зелка

Објавено 19/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По неколкудневната откупна цена од 20 денари за килограм, од вчера пролетната зелка се откупува за 27-28 денари, но трговците велат дека се потешко можат да ги испорачат договорените количини на странските партнери, бидејќи производството на оваа градинарска култура привршува.

Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, се остваруваат предупредувањата дека намалените површини засеани со пролетна зелка можат да доведат до неисполнување на договорените обрврски кон странските купувачи.

-И покрај зголемената откупна цена од 27-28 денари за килограм пролетна зелка, едноставно нема доволно колични. Буквално барам килограм повеќе за да можам да ги исполнам договорите со моите партнери. Конкретно четири камиони чекаат да бидат натоварени со зелка, но производство нема, вели Витанов.

И земјоделците потврдуваат дека пролетната зелка е при крај, но според нив тоа се должи на нефукцинирањето на договорното производство, но и на лошите временски услови некарактеристични за овој период од годината.

-За да немаме такви ситуации производството да завршува кога најмногу се бара, потребно е пред почетокот на производствената сезона откупувачите да склучат договори со производителите врз основа на нивните договори со странските партнери и на тој начин земјоделецот да знае колку и за кого треба да произведе, вели Ристо Велков, од Сојуз на синидикат на земјоделви Струмица.

Додава дека од неговото четириест годишно искуство како земјоделец досега немало толку лоши временски услови за производителите како што е годинава.

-Мораме да бидеме на јасно дека климатските промени драстично влијаат на намалувањето на производството на градинарските и земјоделските култури. Сега тие се одразуваат на пролетната зелка, но истото ќе се случи и со производството на краставици, домати, пиперки и другите култури. Треба што побргу и како држава и како земјоделски производители да размислуваме како да ги надминема неповолните климатски промени, па дури и да размислуваме за производство кое е отпорно на нив, смета Велков.

Деновиве во струмичко краставицата се откупува за 50 денари за килограм, а откупната цена на доматите изнесува 100 денари.

Инаку, пролетната зелка од овој регион трговците претежно ја пласираат на пазарите во Србија, Хрватска,Романија и Украина. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:зелка
Претходен напис (Фото) ДИЖС изврши надзор во шест фарми во Беровскиот крај – Кај одредени фарми констатирани се неправилности
Следен напис Домашната индустрија бара да се спречи зголемувањето на цените на месото и месните преработки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?