Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашната индустрија бара да се спречи зголемувањето на цените на месото и месните преработки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Домашната индустрија бара да се спречи зголемувањето на цените на месото и месните преработки
Агровести

Домашната индустрија бара да се спречи зголемувањето на цените на месото и месните преработки

Објавено 19/04/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се очекува свежото месо и месните преработки по велигденските празници да поскапат како резултат на светските движења на пазарите со храна и месо од каде месната индустрија ги набавува суровините.

За да се ублажи порастот на цените што поскоро треба се донесе барањето за враќање на скратените количини од последната мерка на Владата за укинување на царинските давачки на замрзнато свинско месо наменето за преработка, истакнаа денеска од Групацијата на производителите и преработувачи на месо при Стопанската комора на Северна Македонија.

Оттаму укажуваат дека растот на цените на светскиот пазар во месната индустрија во значителен процент од пред неколку месеци ќе се пренесе и на домашните преработки.

-И покрај трендот на пораст на цените ние се уште на домашниот пазар не ги покачивме цените на преработките, но таа состојба не може да трае подолго. Очекувам најдоцна до после велигденските парзници да ги покачиме цените на домашните месни преработки. Свесни сме дека покачување ќе има, рече на прес-конференција Гоце Трајчев, претседател на Групацијата при Стопанската комора на Макеоднија.

Висината на покачувањето, како што појасни, ќе зависи од тоа дали ќе има продолжување на владините мерки за ослободување од царина на месото наменето за преработка, што биле редовно одобрувани и пред почетокот на пандемијата. Воедно дали во новиот пакет економски мерки ќе биде вклучена и домашната месна индустрија или на некој начин соодветно ќе биде насочена потрошувачката на домашните производи од домашните производотели, за што е укажувано неколку пати, и секако и движењето на светските пазари и понатаму.

Од овие фактори, потенцираше, зависи дали покачувањето ќе биде 20, 30 или можеби 40 проценти.

-Сакајќи да го ублажиме порастот за домашните потрошувачи апелираме барањето за враќање на скратените количини од последната мерка на Владата за укинување на царинските давачки на замрзнато свинско месо наменето за преработка, доставено пред повеќе од еден месец да се донесе и одобри што е можно поскоро, наведе Трајчев.

Некои од членките на Групацијата, како што укажа, веќе настапуваат со покачени цени. Сегашната релативна стабилност, појасни, се должи, пред се, на задоцнетите мерки на надлежните за поттикнување на домашната потрошувачка, а со тоа и слабата домашна куповна моќ на граѓаните, соодветните залихи на дел од производителите обезбедени од претходно, што се веќе при крај, како и моментниот вишок на домашно свинско месо којшто месната индустрија го откупи во целост и ги надомести потребните количини за преработка.

-Очекуваме дека до претстојните празници и ќе издржиме да остане оваа ситуација, но после празниците неминовно ќе следи драстичне пораст на цените на свежото месо и на месните преработки, во зависност од тоа дали ќе продолжи мерката или ќе биде донесена задоцнето.Месната индустрија не бара субвенционирање, туку изедначување на условите на стопанисување за да може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на работење и вработени.

Во случај на неприфаќање на барањето, односно неодобрување на количините кои претходно во стандардни услови на стопанисување беа одбрувани, очекуваме дека ќе следи ценовен шок по празниците со драстично зголемување на цените на месните преработки од над 30 до 40 проценти, а може да се случи и пропаѓање на уште некои од домашните капацитетите, наведе Трајчев. Ако чаден свински бут сега е 260 денари, таа цена по празниците, укажа, би била над 320 денари зависно од тоа дали ќе имаме продолжување на мерките. Ако има продолжување на мерките нема да биде 40 проценти бидејќи 20 проценти отприлика е царината на суровината што ја плаќаме за којашто бараме да бидеме ослободени и покачувањето отприлика би било само за износот за процентот што е покачен на суровината на светскиот пазар, некаде околу 20 проценти.

Досегашните мерки од изминатите три години дале резултати и увозот на готовите сувеомеснати производи се намалил за 28 проценти.

Од Групацијата истакнаа дека постојано доставуваат барања сегашните мерки да преминат во трајно законско решение што ќе одговара со европските услови на стопанисување. Повторно порачаа дека за да има ефект во стопанството пакетите со мерки за помош треба да бидат насочени кон зголемување на потрошувачката на домашните производи од домашни производители, како што беше во случајот со четвртиот пакет со картичките „Купувам домашно“.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:домашна индустријамесни преработкимесоцени
Претходен напис Во Струмичко се бара килограм повеќе пролетна зелка
Следен напис Се намали европското производство на зеленчук?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?