Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во среда прва испорака на житарки од украинското пристаниште Черноморск
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во среда прва испорака на житарки од украинското пристаниште Черноморск
Агровести

Во среда прва испорака на житарки од украинското пристаниште Черноморск

Објавено 26/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високи владини претставници изразија надеж дека првата пратка житарки според договорот ќе го напушти пристаништето Черноморск утре.

Олег Устенко, советник на украинскиот претседател за економски прашања, рече дека Украина може да извезе 60 милиони тони житарки во текот на осум до девет месеци, под услов нејзините пристаништа да не се блокирани.

Според него, Киев би можел да заработи десет милијарди долари од продажбата на 20 милиони тони житарки од претходната жетва и 40 милиони тони од новата реколта.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, потврди дека за безбедноста на бродовите со украинско жито при пловидба во Црното Море, покрај Русија и Турција, ќе се грижи и друга страна, која подоцна ќе биде утврдена.

Според него, меморандумот на Русија и ОН, кој беше потпишан истовремено со договорите во Истанбул, „го обврзува генералниот секретар на Обединетите нации да го иницира процесот и да ги убеди западните земји да ги укинат сите ограничувања наметнати на извозот на руските житарки“.

Русија се надева дека генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ќе успее да го реши проблемот со санкциите кои го спречуваат извозот на житарки од Русија, рече Лавров.

„Нелегитимните санкции го спречуваат извозот на житарки од Русија, вклучувајќи осигурување, влез на нашите бродови во странските пристаништа и пристигнување на странски бродови во руските пристаништа“, рече Лавров по разговорите со египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:черноморск
Претходен напис Саво Квргиќ посеал афион од љубопитност, се надева дека ќе продава „на големо“ – Ако го посеете афионот и веднаш не заврне, можете веднаш да го преорате, вели тој
Следен напис По повеќе од 40 години, Србија ќе извезува храна во Саудиска Арабија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?