Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
Агровести

Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот

Објавено 04/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
farmer spraying pesticide in the rice field
Сподели
Ad imageAd image

Речиси половина од проценетите 934 милиони земјоделци во светот секоја година претрпуваат ненамерно труење со пестициди, покажува студија објавена во списанието „Фронтиерс ин паблик хелт“ (Frontiers in Public Health).

Студијата, спроведена од истражувачи од мрежата „Пестисајд акшн нетворк“ (Pesticide Action Network – PAN), анализирала 214 публикации од периодот од 2006 до 2023 година, заедно со податоци за смртноста на Светската здравствена организација (СЗО). Истражувачите проценуваат дека годишно се случуваат до 433 милиони случаи на ненамерно акутно труење со пестициди, што опфаќа околу 46 проценти од земјоделските работници во светот, а околу 11.000 случаи годишно завршуваат со смртен исход.

Најголемиот товар паѓа врз земјите од Глобалниот југ, особено во Јужна и Југоисточна Азија и источна Африка. Во Буркина Фасо, на пример, се проценува дека дури 84 проценти од земјоделците годишно претрпуваат акутно труење со пестициди. „Зад овие вџашувачки бројки стојат земјоделци, работници и семејства кои плаќаат ужасна човечка цена поради изложеноста на пестициди. Ова истражување открива криза што повеќе не може да се игнорира“, изјави извршниот директор на „Пестисајд акшн нетворк Индија“, Џајакамар Челатон.

Наодите доаѓаат во период кога глобалната употреба на пестициди повеќе од двојно се зголемила меѓу 1990 и 2023 година. Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), без пестициди меѓу 20 и 40 проценти од глобалните приноси на земјоделските култури би биле изгубени секоја година поради штетници и болести. Ризиците од нивната употреба дополнително ги зголемуваат пошироките предизвици со безбедноста на храната, особено во земјите во развој кои веќе се соочуваат со климатски шокови, конфликти и притисок врз земјоделското производство. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Таг:11.000 смртни случаиземјоделцитеПестицидитеСтудија
Претходен напис Сончево и топло со температура до 33 степени
Следен напис АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?