Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кочани презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица со поголема отпорност на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кочани презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица со поголема отпорност на климатските промени
Агровести

Во Кочани презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица со поголема отпорност на климатските промени

Објавено 23/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На површините на Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’ – одделение во Кочани денеска беа презентирани резултатите од реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени.

Се работи за заеднички проект на Земјоделскиот институт и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), чија цел е создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени во неколку држави од регионот.

На презентацијата, на која присуствуваа заменик министерот за земјоделство Абдулшуќур Абедини, директорот на Земјоделскиот институт, Виктор Ѓамовски, претставници од ФАО и земјоделци, беше нагласено дека во три региони во државата се реализираат опити за производство на семенски материјал од три различни земјоделски култури.

-Во изминатиот период се спроведуваат активности фокусирани на квалитетно семепроизводство на грав, пиперка и пченица преку демонстративни опити во Кочани, Скопје и Лозово. Преку испитувањата се оценува влијанието на климатските промени врз производството во различни услови, како и ефектите од примената на различни агротехнички мерки за зголемување на отпорноста на одгледуваните видови кон климатските промени. До сега на терен се реализираа демонстративни опити со две популации тетовски грав и три сорти пиперки – сиврија, амфора и везен лут. Кочанскиот регион е одбран за демонстративен опит со есенска пченица од сортите миленка, радика, подобрена оровчанка и осатка, истакна директорот на Зејоделскиот институт, Виктор Ѓамовски.

Заменик министерот за земјоделство, Абедини нагласи дека особено важно е што во проектот посебен фокус се дава на едукацијата на земјоделците, како тие да го прилагодат своето производство на климатските промени и да остварат оптимални приноси преку производство на квалитетен семенски материјал.

-Министерството е вклучено во поддршка на спроведувањето на националните политики на семепроизводство, дистрибуција и систем за сертификација на семе и саден материјал во државата. По соодветните анализи се очекува подготовка на стратешки документ за одржлив развој на систем за семе и развивање препораки за адаптација на земјдоелскиот сектор кон климатските промени, што потоа ќе биде доставен до Владата. Воедно, Министерството ќе биде вклучено во регионална мрежа на системи за семе, избор на култури и сорти што се оптпорни на климатски промени и за подготовка на национално портфолио, истакна Абедини.

На настанот им беа доделени и сертификати на земјоделците и земјоделските организации кои учествуваа во серијата обуки во рамки на проектот, на кои добија нови сознанија како да произведат квалитетен семенски материјал од пченица прилагоден на актуелните климатски промени.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:домашно семеКочанипченица
Претходен напис Дебата: Илегалните активности се закана за шумарскиот сектор, ова е проблем на целото општество
Следен напис Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?