Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот
Агровести

Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот

Објавено 23/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Охридската цреша ќе се извезува на пазарите надвор од Балканот, а со тоа се очекува и повисока откупна цена, смета Ванчо Стојаноски од земјоделската задруга „Охридска черешна“.

По затворањето на рускиот пазар, каде години наназад се пласираа црешните од охридскиот регион, земјоделците стравуваа за продажбата, но и цената, бидејќи околните пазари се мали и неможат да го откупат целото производство.

Според Стојаноски, бербата на цреши почнала во селото Лескоец, а за една недела се очекува и во селата Лакочереј и Орман, додека плантажите кај Требеништа малку покасно стасуваат.

– Сега цената е околу 80 денари, очекуваме да се спушти за 10 до 15 денари до крајот на откупот. Се надевавме на малку повисока цена од лани, вели Стојаноски.

Пред еден месец, нагласи, имал инфорација дека охридската цреша ќе се извезува за шведскиот пазар, со што очекува и повисока цена.

– Доколку останеше на Балканскиот пазар цената ќе беше драстично пониска. Црешата во маркетите е доста скапа после бербата, бидејќи се складира во ладилници и е релативно поскапа за пазарот од Западен Балкан. Во Европската унија и Русија минатите години килограм цреши во маркетите се продаваше по седум до осум евра, истакна Стојаноски.

Според него, црешата е профитабилно овошје, но треба да се внимава на одгледувањето и бербата за повисок квалитет што ќе резултира и со повисоки цени.

Во охридскиот регион годинава се очекува да се наберат над 600 тони цреши, а производителите ќе бидат задоволни доколку крајната цена не падне под 70 денари. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БалканотОхридска цреша
Претходен напис Во Кочани презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица со поголема отпорност на климатските промени
Следен напис Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?