Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци презентација на веб–страница на агрометеоролошки станици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кавадарци презентација на веб–страница на агрометеоролошки станици
Агровести

Во Кавадарци презентација на веб–страница на агрометеоролошки станици

Објавено 01/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Кавадарци денеска се одржува презентација на веб – страница на агрометеоролошки станици. Претходно, Општина Кавадарци постави 18 агрометеоролошки мерни станици на локации во кавадаречка општина.

Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека овие активности, имаат за цел подобро земјоделско производство.

На презентацијата што се уште е во тек, беше кажано дека со поставувње на мерните станици, ќе се овозможи електронски мониторниг, на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општината, на лозаро – овоштарските насади. Измерените податоци од агрометеоролошките станици во реално време преку GPRS ќе се пренесуваат до серверот, каде што е поставен и софтвер на модел, за прогноза на болести на секоја култура. Обработените податоци ќе бидат прикажани на веб страна/мобилна апликација и фејсбук страница, каде што секој корисник ќе добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитет на секоја болест или штетник, на секој култура одделно.

Приказот на инфекцијата, времетраењето и интензитетот ќе биде графички и табеларно, со што секој корисник на лесен и едноставен начин, ќе ги има сите информации за појавата и итензитетот на инфекција, како и на должината на инкубациониот период на болеста.

Агрометеорлошките мерни станици вршат мониторинг на болестите пламеница, пепелница, сиво гниење, жолт гроздов молец, сушење на цветовите, сачменка кај коскесто овошје, кадравост на лисијата кај коскесто овошје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометеоролошка станицакавадарци
Претходен напис Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува
Следен напис Бачовски: Инвестираме во модернизација на преработувачките капацитети со помош на средствата од ИПАРД програмата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?