Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува
Агровести

Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува

Објавено 01/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да осиромашува. Владата е на и за граѓаните. Одлуката за замрзнување на цената на брашното беше донесена на база на сите информации што ги има Министерството за економија, а Државниот пазарен инспекторат ги направи сите пресметки и контроли. Граѓаните мора да се заштитат. Станува збор за само два продукта што ги произведуваат пекраниците во време кога е намалена цената на електричната енергија и брашното, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што напомена Николовски, граѓаните очекуваа пониски цени на основните прехранбени производи, односно резултат од државната поддршка што ја добија компаниите преку субвенционираната струја. 

-Министерствата ги следат ефектите од антикризните мерки. Тие вчера беа презентирани од министерот за економија во делот дали се намалени цените. Моите изјави во изминатиот период беа константни – дека граѓаните очекуваат резултат од поддршката што ја добија компаниите, да има поевтини прехранбени производи. Со месеци сите ние плаќаме за голем дел од компаниите да добиваат повластена електрична енергија која во последниот период е со намалена цена, а со намалена цена е и брашното. Се тоа доведе до одлуката која ги штити граѓаните, изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан за твининг проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“.

Тој потсети дека конкретно, улогата на МЗШВ е да креира мерки кои го поддржуваат производството и тоа, рече, дава резултати.

-Годинава имаме зголемување на површините под пченица, а зголемено е и производство на јачмен, како и на сончоглед. Нашата заложба проодлжува во тој правец, да ги поддржуваме земјоделците за да имаме поголемо производство, потенцира министерот Николовски. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богатилебНиколовскиосиромашувацена
Претходен напис Се усогласува нашето законодавство со законодавството на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата
Следен напис Во Кавадарци презентација на веб–страница на агрометеоролошки станици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?