Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Инвестираме во модернизација на преработувачките капацитети со помош на средствата од ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Инвестираме во модернизација на преработувачките капацитети со помош на средствата од ИПАРД програмата
Агровести

Бачовски: Инвестираме во модернизација на преработувачките капацитети со помош на средствата од ИПАРД програмата

Објавено 01/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска оствари посета на компанијата Екстра Фунги во општина Чешиново Облешево.
Компанијата започнала со работа во 1988 година како семеен бизнис на фамилија Антоновски.

На јавниот повик 02/19 за мерка 3 – инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Екстра Фунги аплицираат со соодветен проект кој е одобрен, со што компанијата влегува во реализација на инвестицијата.
За потребите на преработувачкиот процес, набавени се машини и линии за преработка на откупената суровина и инсталирана е фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за сопствени потреби.

Оваа инвестиција е со севкупна вредност од 24.4 милиони денари, од кои 11.7 се кофинансирани од АФПЗРР преку ИПАРД програмата, што претставува покривање на вкупно направените трошоци од 50%.
,,Секој нов или модернизиран преработувачки капацитет е додадена вредност во македонската економија. Со инвестиции во модерна опрема се подобрува технолошкиот процес на компаниите и се добиваат производи кои се конкурентни и на домашните и на странските пазари. Освен долгата традиција со бизнисот со печурки, нашите денешни домаќини нудат широк спектар на замрзнато овошје како шипинка, боровинка, капина, аронија, дињи, сливи и јагоди. Најголема придобивка од ваквите успешни приказни е што станува збор за инвестиција во рурална средина која создава работни места за локалното население” – истакна директорот Бачовски.

Преку ИПАРД 2 програмата од 2017 до денес се поддржани повеќе од 2300 проекти со финансиска поддршка од европскиот фонд за земјоделство и рурален развој во вредност од 60 милиони евра.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:бачовскиИПАРД
Претходен напис Во Кавадарци презентација на веб–страница на агрометеоролошки станици
Следен напис Времето денеска облачно со повремен дожд и слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?