Франција, која е сериозно погодена од епидемијата на птичји грип, започна голема кампања за вакцинација против оваа заразна болест на живината. Вакцинацијата започнува по добрите прелиминарни резултати од вакцината.
Овие поволни резултати дадоа доволно гаранции за започнување на кампањата за вакцинација веќе во есента 2023 година – објави Министерството за земјоделство на Франција, пренесе Ројтерс.
Франција овласти две компании, француската Ceva Animal Health и германската Boehringer Ingelheim, да развијат вакцина против птичји грип за патки.
Неколку други земји од ЕУ спроведоа тестови, вклучително и Холандија за кокошки несилки и Италија за мисирки. Првите резултати во Холандија покажаа дека тестираните вакцини биле ефективни.
Франција е најпогодената земја од птичји грип во ЕУ и се соочува со повторно избувнување на епидемијата од почетокот на овој месец во југозападниот дел на земјата, главно меѓу патките.
