Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларска фарма ШУ-МИ, Берово: Тајната на квалитетниот мед е да се земе од пчелите онаков каков што го има во природата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчеларска фарма ШУ-МИ, Берово: Тајната на квалитетниот мед е да се земе од пчелите онаков каков што го има во природата
АгровестиОрганско производство

Пчеларска фарма ШУ-МИ, Берово: Тајната на квалитетниот мед е да се земе од пчелите онаков каков што го има во природата

Објавено 30/05/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчеларската фарма ШУ-МИ ДОО Берово е основана некаде во средината на 19-от век, од првиот пчелар во Фaмилијата – Ѓорѓи Шуперлиски. Оттогаш па сè до ден денес пчеларството во оваа фамилија е традиционален бизнис и се предава на секоја нова генерација. Во меѓувреме, со промената на генерациите се менуваат и технологиите на пчеларење, како и пристапот кон пчелите од еколошки, социјален и економски аспект. Постојаното инвестирање во модерни технологии на пчеларење во комбинација со искуството генерирано со генерации е гаранција за квалитет на нашите производи кои исто така се едниствени и неповторливи и по своите органолептички карактеристики.

Фирмата ШУ-МИ заедно со уште 80-ина семејни компании заеднички ги пласираат своите производи под брендот „Премиум производи“. Ваквиот пристап овозможува сите овие производители да добијат поголема видливост и присутност во малопродажбата. Моделот беше препознаен како уникатен и поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во разговорот со сопственикот Борис Шуперлиски, тој напомена дека ШУ-МИ е сертифицирана за производство на органски мед, па го прашавме која е разликата меѓу органскиот и конвенционалниот мед, односно како се одредува кој мед е органски.

-Во делот на квалитет на медот којшто е директо зависен од самите пчелари, морам да напоменам дека сме сертифицирани органски, и пчелариме по највисоките стандарди за органско производство. Ова подразбира:

Внимание на препаратите што се користат за заштита на пчелите од болести, затоа што истите во трагови може да се најдат во самиот производ;


Употреба на сопствено произведен восок, како заштита од можно загадување што произлегува од употреба на комерцијалниот восок на пазарот. (Восокот кај конвенционалното производство е производ од други пчелари, и доколку истите имаат користено забранети препарати за заштита од болести на пчелите, истите препарати преку восокот можат да се најдат во самиот мед. Исто така ценовните предизвици за евтини репро материјали ги тераат пчеларите покрај пчелен восок за своите пчели да употребат парафин или некои други материјали – пластика и сл., кои својот хемиски состав можат да го предадат на крајниот производ – Медот.)


Процесирањето на медот е во опрема од нерѓосувачки челик, како можна точка на загадување на производот.
Прихраната на пчелите се врши само со мед од сопствено производство, што ја исклучува можноста за загадување на медот со шеќери, и резидуи од пестициди што можат да се најдат во шеќерот.

Како што ни откри Борис, тајната на квалитетниот мед е да се земе од пчелите онаков каков што го има во природата.

-Клучот на успехот во производството на квалитетен и вкусен мед зависи од повеќе услови од кои најважно од сè e чиста и зелена локација за пчеларење, методи на работа со пчелите и технологија на пчеларење. Го земаме од пчелите медот онаков каков што го има во природата. Тоа е тајната на квалитетен мед. Колку повеќе ја преземаме работата на пчелите, квалитетот на медот опаѓа. Нашата работа во пчеларниот се состои повеќе од надгледување отколку корекции. Медот е истиот што пчелите го користат за своја храна. Собирањето на медот (центрифугирање) и неговото понатамошно полнење се одвива во објекти во коишто е имплементиран НАССП стандардот за безбедност на храна.

Медот ШУ-МИ може да се најде на рафтовите во продавниците за здрава храна низ Македонија, најмногу во Скопје, онлајн продавници и маркети, како и преку директни онлајн продажби.

-Пласманот и цената се задоволителни, но како и во сè друго, во суштината на човечката природа е да се тежнее кон подобро. Ценовно ги следиме приликите на пазарот, секако сакајќи да ги пресретнеме и нашите трошоци за производство. Кога станува збор за органско производство на мед, веќе имаме поголеми трошоци и намалено производство – вели Борис.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:беровоШУ-МИ
Претходен напис Во Франција ќе се вакцинираат патките против птичји грип
Следен напис Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер попладне
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?