Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента
Агровести

Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента

Објавено 07/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава се зголемиле за процент, а цените на мало за 1,2 проценти.

Во февруари годинава во однос на февруари лани трошоците на живот се повисоки за 7,6 проценти, а цените на мало за 8,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари годинава, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 6,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 2,7 проценти, виното за 1 процент, свежото и разладеното овошје за 0,8 проценти, жестоките пијалаци за 0,7 проценти, лебот и житата, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0,6 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,2 проценти, стои во информацијата на ДЗС.

Оттаму регистрираат дека во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето на отпадните води за 14,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 проценти, патниот патнички транспорт за 4,3 проценти, велосипедите за 4,2 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4 проценти, гасот за домаќинствата, парамедицинските услуги за 3,5 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата за 2,7 проценти, медиумите за снимање за 2,6 проценти, моторните возила за 2 проценти, снабдувањето со вода за 1,8 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1,6 проценти. Воедно, кај услугите за одржување и поправки на живеалиштето, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите печатени материјали, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање има пораст на индексите на трошоците на животот за 1,3 проценти, другите медицински производи, рестораните, кафулињата и сл. за 1,1 процент, ткаенините за изработка на облека, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, домашните миленици и сродните производи за 0,8 проценти, стоматолошките услуги, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за 0,7 проценти, малите алатки и останатите додатоци, медицинските услуги, другите услуги за опрема за сопствен превоз, игрите, играчките и хобијата, градините, растенијата и цвеќињата, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 проценти. Кај поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, фармацевтските производи, фризерските салони и центрите за разубавување порастот изнесува 0,5 проценти, текстилот за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена 0,4 проценти, другите услуги поврзани со станот неспоменати на станот 0,3 проценти, другата облека и додатоците за облека, информатичката опрема за обработка на податоците, другите лични предмети 0,2 проценти.

Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај пивото за 1,1 процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14,4 проценти, туристичките аранжмани за 2,5 проценти, услугите за сместување за 2,1 процент, обувките за 0,9 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:трошоци за живот
Претходен напис Бесими: Стоковите резерви се стабилни
Следен напис (ВИДЕО) Лилјана Јоноски, Рурална коалиција: Работиме на зголемување на количеството на земјоделски преработки, како и на промоција на женското земјоделско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?