Поради промена на затворач и надземен хидрант на улицата „Коце Металец“ бб, кај последната автобуска постојка на линијата 16, денеска од 9 часот до завршување на работните активности ќе биде прекинато водоснабдувањето на улиците „Коце Металец“, „Зеничка“, „Тајмишка“, дел од „Филип Филиповиќ“ и дел од „Гемиџиска“ во општина Гази Баба, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има и планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје.
Во периодот од 8 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“ во општина Гази Баба, поради работа во ТС Гази Баба.
Од 10 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улицата 37 во селото Волково, општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 11:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“ во општина Чаир, поради работа во ТС Даме Груев 2.
МИА
