Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Европа цените на житарките растат – Под знак прашање транспортот преку Црното Море
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Во Европа цените на житарките растат – Под знак прашање транспортот преку Црното Море
Пазари

Во Европа цените на житарките растат – Под знак прашање транспортот преку Црното Море

Објавено 06/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска истекуваат мартовските договори на берзите, а тоа влијаеше на цените на житарките. На париската MATIF тие растеа, додека на чикашката CBoT минатата недела вредностите беа различни.

Цените на пченицата за март во четвртокот на MATIF започнаа од 274,25 евра/т, додека на пазарот за мај беа 275,50 евра/т. Мартовските договори за пченка се зголемија за 4,75 евра на 286 евра/т. Во петокот наутро, јунските цени беа 272,75 евра/т. Цената на маслодајната репка порасна за 2,50 евра, а за мајскиот договор требаше да се издвојат 531 евра/т.

Пченицата на CBoT постигна благ пораст до 243,14 евра/т за мартовскиот договор, додека мајскиот договор беше 247,13 евра/т. Благ пад забележа пченката. Цената за март е 236,92 евра/т, додека за мај е 235,43 евра/т. Ова е резултат на забавениот извоз, кој оваа недела во САД падна на долната граница од 580.000 тони. Цената на сојата за март е 526,94 евра/т, а за мај 523,30 евра/т.

Вестите кои доаѓаат од берзата за житарки во Буенос Аирес покажуваат дека таа повторно ќе ја намали прогнозата за бербата на соја во Аргентина поради сушата. Сега прогнозата е 33,5 милиони тони, што е помалку од очекуваните 48 милиони тони на почетокот на сезоната.

Овој месец треба да се обнови договорот со кој се овозможува транспорт на житарки од украинските пристаништа на Црното Море. Од руското Министерство за надворешни работи дојде соопштение дека ќе биде продолжено под услов да се земат предвид интересите на нивните земјоделци и производители на ѓубрива. Русија бара слободен пристап до светските пазари.

Во исто време, Украина не гледа потреба од ограничување на извозот на пченица за претстојната сезона 2023/24, јули-јуни, бидејќи се чини дека зимската реколта ќе биде поголема од очекуваната, иако помала отколку во мирновременски услови, изјави во четвртокот висок претставник на Министерството за земјоделство на Украина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Таг:житопченицапченкацрно море
Претходен напис Сѐ што треба да знаете ако одлучите да одгледувате буковки
Следен напис Проверете дали сте добиле финансиска поддршка – МТСП ги објави списоците за ранливи категории за справување со енергетската криза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?