Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фероинвест со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фероинвест со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино
Агровести

Фероинвест со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино

Објавено 30/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот.

Жетвата е реализирана на површина од околу 250 хектари, на земјоделските површини на Сарамзалино Аграр, Ерџелија Полјоделство и Агриа. На површините е поставен систем за наводнување „капка по капка“, кој овозможува поефикасно и контролирано користење на водата и создавање подобри услови за земјоделското производство.

И покрај тешките временски услови во текот на сезоната, постигнатите резултати се за повеќе од 20 проценти подобри во однос на минатата година.

Жетвата се изведува целосно со сопствени капацитети на Ерџелија Полјоделство и Сарамзалино Аграр, со современа земјоделска механизација, меѓу која и современ силажен комбајн John Deere 8800.

Произведената пченкарна силажа се користи како суровина за биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, каде преку процес на анаеробна ферментација се произведуваат биогас и електрична енергија.

Поврзувањето на современото земјоделско производство со производството на енергија од обновливи извори е дел од интегрираниот модел што ФЕРОИНВЕСТ го развива во Сарамзалино. Инвестициите во системи за наводнување, современа механизација и унапредување на земјоделското производство придонесуваат за поголема продуктивност и обезбедување квалитетна суровина за производство на енергија од биогас.

Може да ви се допадне

Летото не се предава: Каков септември не очекува и кога стигнува првото вистинско заладување?
Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
Работници од Бангладеш, Турција и Непал го освојуваат македонскиот пазар на труд
Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии и да ја извезува кога цените се повисоки
Таг:агровестипченкаФероинвест
Претходен напис Летото не се предава: Каков септември не очекува и кога стигнува првото вистинско заладување?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?