Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во една од најголемите градини со лалиња во светот, годинава 40 градинари на 32 хектари засадија седум милиони цвеќиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во една од најголемите градини со лалиња во светот, годинава 40 градинари на 32 хектари засадија седум милиони цвеќиња
Магазин

Во една од најголемите градини со лалиња во светот, годинава 40 градинари на 32 хектари засадија седум милиони цвеќиња

Објавено 24/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандскиот Кеукенхоф, којшто важи за една од најголемите градини со лалиња во светот, викендов беше преполн со посетители. Многу заинтересирани не успеале да влезат во паркот, бидејќи сите влезници биле распродадени.

Дом на речиси сите видови лалиња, градината Кеукенхоф пречекува над милион гости годишно, со бројни естетски изложби и настани. Сместена недалеку од градот Лисe, градината секоја година привлекува не само претставници на деловниот свет на градинарството, туку и бројни фотографи и љубители на цвеќиња со разни и различни концепти. Паркот го добил името по замокот Кеукенхоф. Поради краткиот животен век на лалињата, градината останува отворена само од 23 март до 14 мај.

Оваа година, 40 градинари на 32 хектари засадија седум милиони цвеќиња од повеќе од 1.600 видови – главно лалиња.

Во паркот има и пешачка патека долга 15 километри.

По Холанѓаните, градината најмногу ја посетуваат Германци, Британци, Кинези и Американци. Според податоците на управата, 80 отсто од посетителите се странски туристи.

(Видео) Миризливата страна на бизнисот: Разнобојно „море“ кое на Холандија ѝ носи цело богатство

Кеукенхоф е основан 1949 година со замисла да се одржи заедничка изложба на 10 производители на лалиња. Во првата година го посетиле 236.000 луѓе.

Кеукенхоф придава големо значење на културата, па лалињата одгледувани во оваа градина се именувани по уметници како Винсент ван Гог, Рембрант и Андре Кујперс… А, и Бах, Бетовен, Ајнштајн, Кант, Маркс и Гете имаат свои катчиња во градината, којашто е инпирација за многу фотографии.

Повеќе од четири милијарди лалиња се садат годишно во Холандија, а речиси половина од нив се извезуваат. Од нив, 25 отсто се извезуваат во САД, а 60 отсто во европските земји.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:keukenhof
Претходен напис Во близина на Неготино, во селото Вешје, се подготвуваше чај на соларна енергија
Следен напис До петок променливо време со дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?