Во општина Дојран пристигна специјалното возило амфибија кое може да се движи и на земјена и на водена површина и кое ќе се користи за брзо и ефикасно чистење отпадоци во водата и крајбрежјето на Дојранското Езеро, соопштија денеска од локалната самоуправа.
-Согласно планот за управување и годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро набавивме специјално возило амфибија, односно сувоземно пловен багер кој ќе го користиме за собирање пластичен отпад и бујна зелена и сува вегетација во зоната на одржливото користење на езерската вода, рече градоначалникот Анго Ангов.
Покрај ова, Ангов потврди дека специјалното возило е набавено со средства од ЕУ фондовите во рамки на проект од заедничката прекугранична соработка со Република Грција за управување со екосистемот на езерото.
Извор:МИА
