Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево почна реализацијата на проектот „Произведи храна во склад со природата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Делчево почна реализацијата на проектот „Произведи храна во склад со природата“
Магазин

Во Делчево почна реализацијата на проектот „Произведи храна во склад со природата“

Објавено 13/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево почна реализацијата на проектот „Произведи храна во склад со природата и допринесувај во справувањето со климатските промени“. Имплементатор е Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево, а целта на проектот е имплементација на биолошките методи со користење на природните ресурси во производството на био-храна на фарми со пермакултура.

Овој тип на мотивациско градинарство во склад со природата како што истакнува претседателот на здружението Фиданчо Христов, е иновативниот пристап во производството на био-храна во кој производителите користат природни ресурси за исхрана, прехрана и биолошка заштита на растенијата.

-Мотивационо градинарство е производство на храна каде континуирано се произведува храна преку целата година со изработен проект за пермакултура со кој се збогатува хранливата вредност и структурата на почвата. Сето тоа придонесува да се зголеми продуктивноста на малите фарми и производителите постепено се повеќе да ја подобруваат својата благосостојба. Постигнатите резултати од проектната акција даваат дополнителен стимул на самите фармери да ги зголемуваат површините под пермакултура, појаснува Христов.

Во рамки на проектот предвидена е едукација на младите за справување со влијанието на климатските промени, преку воведување на пермакултурата и користењето на природните ресурси за производство на био-храна.

-Главни активности преку кои ќе се остварат целите на проектот се воведување на иновативна технологија за подобрување на производството на храна преку искористување на природните ресурси и растителниот отпад, Предвидено е и одржување на пет онлајн едукации за примена на пермакултура, како и поставување на пет контејнери за селекција на растителен отпад, изработка на видео за активностите од проектот и постигнатите резултати, како и воспоставување на пет био фарми со модели на перма култура за производство на био-храна, посочува Христов.

Тој очекува воспоставувањето на био-фармите со пермакултура да биде поттик и за другите производители на храна да почнат да ги користат перма моделите во производството на биохрана. Според него, ова претставува индивидуален отпор кон хемиската идустрија бидејќи ќе се реализира со намалена употреба на хемиските средства во земјоделското производство на храна, со крајна цел да се допринесе во зачувувањето на животната средина.

-Како дел од проектот во наредниот период во Делчево ќе бидат одржани серија на обуки на кои едукатор и ментор ќе биде Билјана Бановиќ која има 15-годишно искуство како едукатор за производство на храна со методи на пермакултура. Таа ја води првата регионална онлајн градинарска заедница „Траг биљке“ која опфаќа 156 градинари од 110 градови, 11 држави и два континента. Со отпочнувањето на проектните активности петте фармери потоа стануваат членови на првата онлајн градинарска заедница, вели Христов.

Проектот „Произведи храна во склад со природата и допринесувај во справување со климатските промени” ќе трае до 31 јули годинава. Финансиски е поддржан од Центарот за истражување и информирање за животната средина EKO-CBECT од Скопје, и е под грант од проектот „Граѓанските организации 33 климатска акција” финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:делчево
Претходен напис Најстудено во Берово -7, најтопло во Дојран плус шест
Следен напис Вината на винаријата „Јостела“ сместена во срцето на Гевгелија, освојуваат на прва голтка, но и на прв поглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?