Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебарското Езеро за првпат е уловена риба сончарка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Во Дебарското Езеро за првпат е уловена риба сончарка
Шумарство и водостопанство

Во Дебарското Езеро за првпат е уловена риба сончарка

Објавено 12/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од водите на Дебарското Езеро за првпат е извлечена риба од видот сончарка, информираа од Спортското риболовно друштво „Трофта”.

Рибата е уловена од делот кај општина Центар Жупа, а ја уловил риболовецот Агим од Тетово, кој често рибари на ова езеро.

Сончарка е мала слатководна риба, која се среќава во многу наши води од семејството Centrarchidae. Нејзиното латинско име е Lepomis gibbosus. Позната е под локални имиња јапонски караш, жолтица, јапек, јапич, јапонец, свиланец. Достигнува максимална должина од 15 сантиметри и максимална тежина до 400 грама.

Иако е мала по раст, сончарката е многу агресивна. Најмногу ја има во Северна Америка а е пренесена во Европа како аквариумска риба поради невообичаено убавиот изглед. Брзо се прилагодува на новите услови, а најдобро се снаоѓа во топлите, плитки, застојани води со многу билки.
Се храни со сите водни животни што успева да ги улови и проголта, вклучувајчи и млади риби и икра, па затоа ја нарекуваат „рибин плевел“.

Кон средината на април годинава, рибарот Африм Даци од Дебар за првпат во Дебарско Езеро, кај селото Џепиште, улови сом тежок 25 килограми. Даци, кој е долгогодишен страстен риболовец, тогаш за МИА изјави дека ловел пастрмки, крапови, мрени, скобал, но дека пред него никој не уловил сом.

Во Дебарско Езеро за првпат уловен сом

Од СРД „Трофта” велат дека и тогашниот и денешниот случај се единствени досега од изградбата на акумулацијата пред повеќе од пет децении.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:дебарско езеросончаркатрофта
Претходен напис Времето денеска облачно со локален дожд, на планините слаб снег
Следен напис Во понудата на „Уни Партс“, натоварувач EVERUN ЕR408 – Современа механизација по најпристапни цени на македонскиот пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?