Компанијата „Уни Партс“ соработува со реномирани компании од целиот свет и нуди механизација по најповолни цени на македонскиот пазар, како и во регионот, а има и сопствен сервис, располага со стручен кадар и технички погон кој дава услуга во тековното сервисирање и одржување на градежните и земјоделските машини и е застапник за македонскиот и косовскиот пазар.

Во понудата на „Уни Партс“ е и натоварувачот од марката EVERUN, модел ЕR408 кој со своите технички карактеристики и дополнителната опрема што може да се приклучи на неа, во голема мера им ја олеснува работата на земјоделците.

Технички карактеристики на EVERUN ЕR408:
-Нето тежина – 3100 kg
-Капацитет на кревање на товар – 800 kg
-Моќност на моторот – 25 kw

Покрај стандардната корпа за утовар, чиј капацитет е 0.3 m3, натоварувачот доаѓа и со вилушки, соларка, и секако може да се приклучат и фаталка за бали и трупци.
EVERUN ЕR408 има хидрауличен систем за брзо менување на приклучоците, со гарантирана безбедност при промената.
Овој натоварувач е опремен со модерна кабина, којa овозможува голема прегледност на работната површина, дигитален дисплеј, прилагодлив волан.
Сите заинтересирани земјоделци кои сакаат да си ја олеснат својата работа, за повеќе информации можат да се јават во „Уни Партс“ на следните телефони:
☎️ +3892 2600-232 ; +38975280-578 ;+38975330567
📧 [email protected] ili [email protected]
или да го посетат продажниот салон во Индустриската зона Визбегово – Скопје.
