Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Битола презентирани модели за алтернативно производство на електрична енергија од сонце
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Битола презентирани модели за алтернативно производство на електрична енергија од сонце
Агровести

Во Битола презентирани модели за алтернативно производство на електрична енергија од сонце

Објавено 15/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонскиот Центар за климатски промени денеска во Битола одржа „Соларен саем“ на кој промовира идеи за алтернативни извори за производство на електрична енергија од сонце.

Во изјава за медиумите, Филип Стојановски од Центар за климатски промени, посочи дека нивната намера е да ги запознаат граѓаните дека енергијата од сонцето може да се употреби за производство на електрична енергија. 

-Во ситуација кога секојдневно растат цените на електрична енергија, граѓаните може да станат понезависни користејќи електрична енергија произведена од сонце, односно сончеви панели. Секое домаќинство има можност дома да постави сончеви панели и да произведува сопствена електрична енергија што ќе ја користи за сопствени цели, а неискористената енергија да ја врати во системот, односно во мрежата, а ЕВН да им ја откупи. На овој начин граѓаните стануваат независни, дел од трошоците за електрична енергија се намалуваат, а индиректно и помагаат на државата. Очекуваме и државата да помогне во овој процес на осамостојување со доделување субвенции за поставување фотонапонски панели, нагласи Стојановски.

Соларниот саем се одржа на плоштадот „Магнолија“ каде граѓаните од сите возрасти имаа можност да ги набљудуваат презентациите со алтернативно производство на електрична енергија.

-Нашите идеи може да ги користат сите граѓани. Една од нив е користењето на соларна печка која може да се користи во викендици. Соларната печка може да развие температура до 200 степени целзиусови. На граѓаните им нудиме термален сончев колектор за производство на топла вода, како и производство на електрична енергија од активен велосипед кој исто така може да генерира енергија, нагласи Стојановски.

Караванот на Центар за климатски промени со „Соларен саем“ продолжува со презентации низ македонските градови.

МИА

Може да ви се допадне

Русија воведува забрана за извоз на сулфурна киселина до крајот на годината
Скопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУ
Нема активни пожари, под контрола пожарот кај село Белица и Јасен
Во Јапонија намалуваат данок врз храна и безалкохолни пијалоци од 8 на 1 отсто со цел заштита на домаќинствата
Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел
Таг:алтернативно производствоБитоласонце
Претходен напис Скопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУ
Следен напис Русија воведува забрана за извоз на сулфурна киселина до крајот на годината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?