Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023
Агровести

Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023

Објавено 03/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023. Во рамки на настанот кој се возобновува по пауза од неколку години се приготвуваше традиционална храна подготвена под вршник, а во вечерните часови беше подготвена богата музичка програма со главните ѕвезди на вечерта, групата Некст Тајм.

-Сакаме да возобновиме една стара традиција која последен пат ако не се лажам се одржа далечната 2009 година. Домаќинките имаа подготвено разни производи под вршник како зелник, попарник  баница, тавче гравче, грав во грне и други производи. Сите тие се продаваа, а средствата ќе се наменат за наши сограѓани, истакна учесничка во настанот.

Во рамки на Илинденските Видувања беше одржана и изложба на стари оружја карактеристични за револуционерниот период.

-Со овие оружја комитите се бореле за ослободување на Македонија. Дел од пушките, револверите, камата и другите оружја потекнуваат од Разловечкото и Кресненското Востание. Целта е да покажеме дека народот од дамнина сакал слобода, борејки се со секое едно оружје кое го имал на располагање, додаде жител на Русиново.

Во знак на благодарност до Верица Белчовска, која го изгуби животот во сообраќајна несреќа, а ги донираше своите органи, нејзиното семејство доби благодарница од момчето кое ги прими нејзините органи кој заблагодарувајки се рече дека срцето на Верица продолжува да живее во него.

Генерален покровител на настанот беа локални помагатели и стопанственикот Благој Механџиски Зегин кој на крај на настанот пеејко ја химната на Малешевијата ,,Блажена горо зелена” упати порака за  сплотеност повикувајки се на паролата ,,Малешевци и Русинци за Илинден каде и да сте, дома да сте”.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Илинденски Видувања ВршникманифестацијаРусиново
Претходен напис Венецуела се надева дека новата сорта специјално кафе ќе и го олесни излегувањето од кризата
Следен напис Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?