Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња
Агровести

Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња

Објавено 03/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пожарот кој вчера попладне избувна пред влезот на селото Отовица во близина на велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и дел борчиња.

Пожарот бил пријавен во 13:30 часот, а изгаснат во 19:40 часот, но екипа на Територијалната Противпожарна Единица од Велес со шест пожарникари и едно противпожарно возило синоќа беше оставена на  терен за секој случај, информираат за МИА од Регионалниот Центар за управување со кризи Велес.

-Во едно време имало опаснот и по куќите во селото, но брзата и навремена кординирана акција на сите надлежни, а и со подршка од полицијата и локалната власт и градоначалникот Марко Колев, ЈКП „Дервен“, ШС Бабуна и месното население го спречи проширувањето на пожарот, велат од РЦУК Велес.

Во пожарот биле вклучени 16 пожарникари со пет противпожарни возила, една цистерна со двајца вработени од ШС „Бабуна“ и девет вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население. Во гаснење на пожарот се вклучи и еден хеликоптер на МВР и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Истрагата на СВР Велес треба да открие што е причината за овој пожар, информира за МИА, Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Надлежните се сомневаат дека како и во изминатиот пожар на истата локација од 31 јули годинава причина е фрлен отпушок од цигара на автопатот Велес – Скопје, а потоа пожарот се проширил. Но тогаш  пожарот беше помал и побрзо беше изгаснат и имаше помала штета. Од полицијата велат дека затоа тешко може да го открие сторителот на пожарот.

Самарџиев потенцира дека брзото гаснење на пожарот е дел од заедничката  акција на сите надлежни институции добро поврзани и кординирани пред почетокот на летната сезона, а во рамките на акцијата „Безбедно лето“.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:багремиборчињаМладостнискостеблеста шумаОтовицапожартрева
Претходен напис Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023
Следен напис (Во живо) Изјави на министерот Николовски и на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Бачовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?