Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени
Агропрогноза

Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени

Објавено 31/12/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата.

Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5,  -4 степени во  Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 во Охрид и Претор.

На Попова Шапка и во Гевгелија 1 степен и  2 степена утрово се измерени во Крушево.

Снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка во 7 часот била 49 сантиметри, и на Попова Шапка со 47 сантиметри.

Утрово времето е сончево со појава на слаба магла во делови од регионот на Скопје и во долниот тек на Повардарието.

Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 9 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Таг:-7 степениберовонајстуденотемпература
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта по претежно суви коловози
Следен напис (ВИДЕО) Граѓаните на Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?