Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најстудено на Попова Шапка со 7 степени, најтопло во Демир Капија и Гевгелија по 16 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најстудено на Попова Шапка со 7 степени, најтопло во Демир Капија и Гевгелија по 16 степени
Агропрогноза

Најстудено на Попова Шапка со 7 степени, најтопло во Демир Капија и Гевгелија по 16 степени

Објавено 22/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најниска минимална температура од седум степени изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока од 16 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниска температура од 7 степени е измерена на Попова Шапка, 10 степени во Маврови Анови, Крушево, Берово и Крива Паланка, 11 во Прилеп, 12 во Охрид, Претор, Тетово, Виница и Кавадарци, 13 во Битола и Струмица, 14 во Куманово и на мерните места Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 15 во Штип и Велес, а најтопло со 16 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Во Лазарополе во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнале 17 литри дожд на квадратен метар, а во Попова Шапка, Маврови Анови и Тетово по 14 литри на квадратен метар. Во Охрид се измерени девет литри, во Претор осум, во Крушево пет, во Битола и Скопје-Петровец по три, во Велес, Куманово и Крива Паланка по два, а во Штип, Прилеп, Виница и Гевгелија по еден литар на квадратен метар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во одделни котлини ќе има утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

- Реклама -
Ad image

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 22 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
Утрово најстудено во Берово со минус 1 степен
Сончево со мала локална облачност
Таг:16 степениГевгелијаНајстуденоПопова Шапка
Претходен напис Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следен напис Подгответе се за промена на времето: На 25 октомври стрелките се враќаат еден час назад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?