Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Албанија во јули опожарени 28 илјади хектари површина, со предизвикана штета од 160 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Албанија во јули опожарени 28 илјади хектари површина, со предизвикана штета од 160 милиони евра
Агровести

Во Албанија во јули опожарени 28 илјади хектари површина, со предизвикана штета од 160 милиони евра

Објавено 01/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарите во Албанија, главно во втората половина од минатиот месец, кои во просек ги имаше по 25 дневно, опожарија повеќе од 28 илјади хектари површина, пред сè шуми, што е една од најголемите површини во последната деценија.

– Во споредба со 2023 година, пожарите што избувнаа оваа година, од кои повеќето се случија во втората половина на јули, опожарија површина 5 пати поголема. Земајќи ги предвид трошоците за пошумување, трошоците за регенерација на земјиштето и загубите во дрва, економската штета од пожарите оваа година се проценува на над 160 милиони евра, објавија медиумите.

Додаваат дека процената на трошоците ја прави Европскиот информативен систем за шумски пожари, кој досега следел 58 пожари што се прошириле на шумите и пасиштата.

– Врнежите од дождот деновиве ги изгаснаа речиси сите пожари, но не може да се исклучи можноста дека и август ќе создаде слични ситуации. Под сомнение за подметнување пожари во различни делови од земјата уапсени се 21 лице, но полицијата продолжува со истрагите на самото место за да ги идентификува сите одговорни за кривичното дело подметнување пожар, без разлика дали се намерни или поради небрежност, изјавиле од министерството за внатрешни работи.

Според податоците од Институтот за статистика, Валона, Скадар, Пешкопеја, Булќиза, Либражд и Корча се областите со највисока стапка на уништување на шумите од пожарите. Многу од пожарите биле во близина на крајбрежјето, туристичките одморалишта, како и национални паркови.

– Намерното палење пожар не е само кривично дело, туку е и закана за животот, природата и иднината. Секој пожар предизвикан од намерно палење е казнив со пет години затвор, но ако предизвика значителна материјална штета или има сериозни последици по животот и здравјето на луѓето, кривичниот законик предвидува затворска казна од 10 до 15 години, додаваат од МВР.

Во гаснењето на пожарите освен противпожарните бригади, учествуваа албански армиски и полициски хеликоптери, пет грчки, унгарски и хрватски хеликоптери, како и италијански канадер.

Пожарите проголтаа и околу 20 објекти (индивидуални станбени згради), маслинови насади, црква, имаше повредени неколку пожарникари и полициски командир, кој при спасувањето на дете и неговата баба се здоби со изгореници, но за среќа немаше човечки загуби.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:28 илјади хектари површинаалбанијаопожарени
Претходен напис Водата во велешкото езеро „Младост“ и понатаму забранета за капење, рекреација и наводнување
Следен напис Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?