ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави и ќе ги употреби сите механизми во Собранието за овој закон да го спречи, затоа што државното земјоделско земјиште треба да се даде на земјоделците и оние кои сакаат да работат, да го работаат под концесија, но никако да се продава, а особено не смее да се дозволи да се продава на луѓе со криминални намери кои што се од државата или од странство, но кои што немаат чесни намери. Планираме да дадеме конструктивни амандмани кои ќе дадат најдобро решение. Доколку истите не бидат прифатени, а да бидам искрен не очекувам да бидат прифатени затоа што нема чесна намера, ќе направиме сѐ за да го блокираме законот – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
