Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја
БИТОЛА СТАРТ-АП е твоето место.
Започни нешто свое и докажи дека И од Битола се може(и).
Вака, во февруари ПРЕДА плус фондацијата го најави почетокот на отворениот повик за аплицирање со бизнис идеи на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР кој на нозе ќе исправи многу идеи кои ќе станат реални бизниси во Битола.
Изминатава недела, во просториите на Битола старт-ап центарот се одржа ДЕМО ДЕНОТ – официјалниот завршен настан на четвртата генерација од програмата •И од Битола се може(и)• кој е круна на двомесечната интензивна работа со селектираните апликанти и почеток на уште нови 10 успешни старт-ап приказни во овој регион.
Во серија од 5 минутни презентации, пред публиката, судиите од комисијата и преку лајфстрим, 10 селектирани апликанти го дадоа својот максимум.
Низ оваа пограма , нешто повеќе од 20 тима поминаа низ неколку недели на интензивна работа со помош ментори и тренери. Или преточено во броеви: 200 часа менторство, 36 часа тренинзи, 100 часа заеднички сесии и онлајн предавања на zoom платформата
што носи до 336 часа вкупно менторство и подршка за овие стратапи.
“Иако скоро целата програма беше онлајн, енергијата и посветеноста беше одлична и иако беше период на физичко дистанцирање и се создаде голема блискост меѓу нашите учесници кои низ целиот овој период безусловно си помагаа, се подржуваа и соработуваа меѓусебно.
Горди сме да кажеме дека ова се нашите нови ѕвезди на македонското старт-ап небо.”-истакна Лидија Ангелкова координаторка на проектот.
Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав:
Катерина Трајковска-финансиски менаџер на ПРЕДА Плус Фондација
Никола Јошевски-генерален директор на ФД “СН финансии”
Димче Поповски сопственик на ДАКА Холдинг
Еве ги наградените старт-ап проекти:
БАК пивара – прва крафт пиварница во Битола на апликантот Марјан Бакревски
NOMAD creative studio – проект позади кој стои Ана Секуловска
CONSULATE home philosophy – на Маја Настеска и Зорица Каранфиловска
АПЕТИТКО свет на вкусовите – бизнис идеја на Зоран Видановиќ.
“ Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза со Covid-19 која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Со оглед на квалитетот на бизнис – идеите што се презентираа денес, уверенa сум дека актуелната криза е огромна шанса за голем број македонски стартап – тимови. Светот допрва ќе слушне за нив“ – изјави Наташа Симјановска проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.
Програмата се реализира во рамките на Битола старт-ап како дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот и ЕУ.
Извор – Шеталиште
