Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влијанието на климатските промени кај виновата лоза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Влијанието на климатските промени кај виновата лоза
Растително производство

Влијанието на климатските промени кај виновата лоза

Објавено 09/06/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозарството е еден од најважните сектори во земјоделското производство на Северна Македонија, а виното е значаен извозен производ. Лозарството, заедно со производството на вино придонесува со приближно 17-20% од земјоделскиот БДП. Виното, веднаш зад тутунот, е вториот најважен извозен земјоделски производ.

Вински региони

Чувствителноста на земјоделскиот сектор кон климатските помени има важни последици за С Македонија, кога егзистенцијата на значителен дел од руралното население зависи од земјоделството. Руралните заедници се особено ранливи од ризиците предизвикани од промените што можат да настанат како резултат на климатските промени. Ранливоста на земјоделскиот сектор произлегува од два главни извори, прво земјоделското производство е на отворено, под директно влијание на различните климатски појави, т.е. појавата на касни мразеви, град, поројни дождови, топлотни бранови, и сл. како и од фактот што во последниве неколку децении вложувањата во примарното производство, особено во повеќегодишни плантажи (лозја и овоштарници), драматично се зголемени, поради што негативните климатските појави имаат и сѐ поголемо негативно економскo влијание. 

Климатските промени потенцијално можат да влијаат врз приносите и квалитетот на виновата лоза. Температурните трендови во изминатиот период , посебно во лозарските региони покажуваат дека средните температури на воздухот во периодот на вегетација глобално се зголемени. За некои европски лозарски региони, во Италија, Германија и Франција, одредени студии веќе покажале скратување на периодот на вегетација и порана појава на одредени фенолошки фази. Пораната појава на одредени фенолошките фази, водат до порано зреење за време на потопол период и до зголемување на шекерноста и опаѓање на киселоста, а со тоа се зголемува алкохолот во виното, со што се менува вкусот на виното и нема свежина заради намалување на киселоста. Самото тоа може да има негативни влијанија врз квалитетот на виното.       

Затоа постепено мора да се прилагодуваме и да се применуваат некои мерки кон заштита на виновата лоза од ампелотехнички, па сѐ до заштита од UV зрачење со заштитни покривни мрежи кои имаат повеќенаменска функција како заштита од директно сончево зрачење, заштита од град, јаки ветрови, под покриените површини се намалува температурната разлика, а со тоа и се намалува испарувањето на земјата и се задржува потребната влага и се заштитува од пролетните мразеви и др. Апликација на калциум карбонат кој на гроздот делува како заштитен филтер  со тоа што ги рефлектира сончевите зраци, а со тоа го штити гроздот од изгореници, ја подобрува обоеноста, ја намалува температурата и го зголемува приносот. Исто така подобро искористување на водата за наводнување и поголема ефикасност на наводнувањето е императив за решавање на дел од проблемите.

Заштитини мрежи од УВ зрачење и од град

Под ампелотехника се подразбираат сите мерки кои се преземаат на виновата лоза во вид на насочување на стеблото или ластарите, резидба или примена на биорегулатори. Резидба е ампелотехничка мерка со која одредени делови на виновата лоза се прекратуваат делумно или целосно. Резидбата може да биде: на зрело, во период на мирување (зимски одмор) и на зелено, во текот на вегетацијата. Една од мерките за заштита на виновата лоза од високи температури е употреба на Т- за кроење. Системот на одгледување односно кроење на виновата лоза генерално треба да обезбеди рамнотежа меѓу вегетативниот пораст и продуктивноста, а со тоа добиваме правилен распоред на ластарите што овозможува:

  • Оптимална изложеност на светлина;
  • Оптимална воздушна дренажа што претстaвува превенција од болести;
  • Оптимална примена на агротехнички и ампелотехнички мерки.

Примената на специфичен начин на кроење е една од адаптивните мерки која до одреден степен може да го намали штетното влијание на високите температури и сончевата радијација. Т-системот на кроење се карактеризира со поставеност на родните ластари под агол од 45 степени, што овозможува засенчување на гроздовите.

Систем на кроење

Краткорочните мерки за адаптација можат да се сметаат како стратегија за заштита од климатските промени, треба да бидат насочени кон конкретни закани и нивна главна цел треба да биде оптимизација на производството примарна. Овие мерки најчесто подразбираат промени во практиките на управување (на пр. наводнувањето, мрежи за заштита на лисната маса и сл.), додека промените во енолошките практики, преку технолошки унапредувања, можат исто така да имаат позитивен ефект врз квалитетот на виното.

Долгорочните мерки за адаптација главно опфаќаат промени во сортиментот и промена на локацијата, затоа што одредени региони можат да станат непогодни за одгледување на винова лоза поради прекумерно високи температури и суша, додека други и понатаму остануваат погодни за производство на винова лоза. Дислокацијата на лозовите насади на постудени места, на повисоки надморски височини или во крајбрежни предели, исто така може да се покаже поволно за лозовите насади кои би се подигнале во иднина (промени во микроклимаските и мезоклиматските услови).

АПРЗ РО РЕ Скопје

Дипл. инг. агр. Ласта Миленковски

Може да ви се допадне

Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:климатски променилозје
Претходен напис Одгледување на тиквички е високо профитабилно во земјоделскиот бизнис
Следен напис Гевгелија и Валандово ги подобруваат условите за работа во индустриските зони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?