Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влезницата за „винскиот Лувр“ ќе чини 500 евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Влезницата за „винскиот Лувр“ ќе чини 500 евра!
Магазин

Влезницата за „винскиот Лувр“ ќе чини 500 евра!

Објавено 05/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отворањето на винскиот музеј на Мишел Жак Шасеј, кој всушност е најголем француски вински колекционер, предизвика голем интерес, но и потсмев кај винската јавност.

Дали би издвоиле 500 евра за да видите архивски шишиња вино?!

Во ваква кризна, пандемиска година ваквото прашање делува скоро непристојно, што е веројатно и причина зошто познатите светски вински медиуми со доза на мала иронија го опишуваат новиот потфат на Мишел, Жак Шасеј, сопственик на една од најдобрите приватни колекции на вино на планетата.

– „Крунската скапоценост“ на овој познат вински колекционер од Франција, всушност е неговата приватна винарска визба, направена под неговата вила, а во неа се наоѓаат околу 50.000 скапоцени шишиња со вино. Највредните етикети дури се опишани и во книгата насловена како 100 Vintage Treasures: From the World’s Finest Wine Cellar. Во оваа збирка се наоѓаат некои од најскапите вина на светот, меѓу кои и  Romanee-Conti од легендарната берба 1945.

Сите тие етикети ќе бидат изложени во простор за чија адаптација се потрошени половина милион евра. Колекцијата чија вредност се проценува на повеќе од 60 милиони евра ќе може да се види, а цената на влезницата ќе изнесува неверојатни 500 евра. Во овој мал музеј на виното ќе има и други содржини, како што се кафе и сала за дегустација, а отворањето се очекува да биде во претстојната пролет или лето.

Мишел Жак Шасеј  смета дека неговиот музеј ќе биде успешен и дека градот во кој се наоѓа, La Šapel-Baton, благодарение на ова атракција ќе стане важна туристичка дестинација во Франција.

– „Во прашање е наследство кое мора да биде зачувано. А кога овие вина повеќе нема да бидат за пиење, тие ќе станат уметнички дела“ – вели Пасеј. Тој за сега, не ги коментира наводите дека за отворањето на музејот во своето гратче се определил затоа што не успеал со својот проект да привлече доволно интерес во големите вински центри на Франција, а се поставува и прашањето, кој во овие кризни времиња ќе плати вистинско мало богатство за да гледа шишиња со вино?

Извор: vinoifino.rs

Може да ви се допадне

Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Шарени ражничи
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Таг:Вински музејМишел Жак Шасеј
Претходен напис (Видео)Првиот електричен самооден трактор пристигнува на пазарот!
Следен напис Учениците од земјоделските паралелки при СОУ „Гоце Делчев” Валандово, одледуваат цвеќе, садат компир, прават сокови…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?