Периодов, во земјоделските паралелки на СОУ “Гоце Делчев” од Валандово, активно се реализира практична настава и се стекнуваат нови знаења и вештини со реализирање на следните активности:
- подготовки за садење и одгледување на цвеќе;
- градинарски активности – сеидба на компир;
- пакување на вино од сопствено производство, во стаклена амбалажа.
Училиштето развива сопствена економија и во заедништво на стручниот колектив и учениците од стручните паралелки произведува неколку земјоделски производи по најсовремен процес на преработка. Со ваков начин на училишна организираност, учениците стекнуваат сериозна предност на пазарот на труд и голема стручна кфалификуваност.
Во текот на една учебна година, во рамки на училишната економија се работи на:
- одгедување на калинки и производство на органски сок од калинки по најсовремен метод на преработка;
- одгледување на лозови насади и производство на вино и ракија во училишната визба;
- одгледување на житни култури;
- одгледување на градинарски култури;
- одгледување на јапонска јаболка.
СОУ “Гоце Делчев” создава вредност во нашата заедница и гради индивидуи кои ја движат заедницата напред. Честитам на стручниот колектив за вложеноста и ги охрабрувам да продолжат по тој пат.
Фејсбук статус на Перо Костадинов градоначалник на Општина Валандово.








