Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја
Агровести

Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја

Објавено 16/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

-Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на температурата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем. Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10 786 мегават часови и набавена струја во износ од 3 110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7 834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2 952 мегават часови струја. Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:штедење струја
Претходен напис Зимското (сино) прскање е најважната превентивна мерка во заштитата на овошките
Следен напис (ФОТО) Засадени 1.600 садници на поранешната дива депонија во кумановско Долно Којнаре
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?