Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии
Агровести

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

Објавено 23/06/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани на Република Македонија ќе овозможи ребалансот на Буџетот за 2026 година што денеска го усвои Владата, информира министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Ребалансот, според неа, претставува внимателен баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции. Обезбедува стабилност на јавните финансии, но, како што нагласи, истовремено создава услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните.

– Со овој Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година, истакна министерката.

На приходната страна, појасни, даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од околу 900 милиони денари, односно за 0,4 проценти.

– Ова намалување е резултат на ревидираните приходи од акцизи и корекција во ДДВ. Приходите од акцизи од првично проектираните 35,8 милијарди денари се ревидираат на 34,2 милијарди денари, односно се намалуваат за околу 1,5 милијарди денари. Причината е јасна – Владата донесе одлуки за намалување на акцизите на нафтените деривати со цел да ги ублажи последиците од растот на светските цени на горивата и да им помогне на граѓаните и компаниите полесно да се справат со ценовните притисоци, нагласи Димитриеска Кочоска.

Според неа, значително подобрување бележат неданочните приходи, кои се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, како резултат на подобрата реализација на административните такси, концесиите, и поголемото користење на сопствените приходи од страна на буџетските корисници.

– Донациите бележат пораст од околу 2,7 милијарди денари, најмногу поради реализацијата на конкретни проекти, вклучително и проектите што се финансираат преку претпристапните фондови на Европската Унија, додаде министерката за финансии.

На расходната страна, подвлече, вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Кај расходите за стоки и услуги има намалување од околу 900 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби.

– Овие дополнителни средства ги насочуваме кон јасно утврдени приоритети. Обезбедуваме дополнителни средства за земјоделските субвенции, субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедуваме и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, рече Димитриеска Кочоска.

Со ребалансот, подвлече министерката, обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет.

За првпат, според неа, корекцијата на дефицитот е резултат на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата, зборуваме, вели, за дефицит кој ќе финансира развој. 

-Тука имаме зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари, односно на 4,1 проценти од БДП. За првпат, ова зголемување на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој, истакна Димитриеска Кочоска. 

Средствата се насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата и граѓаните – тоа ќе остане принцип на работа на оваа влада. 

Во патната инфраструктура, наведе дека ќе продолжи реализацијата на Коридорите 8 и 10-д,  автопатот Скопје – Блаце и подобрувањето на локалната патна инфраструктура низ општините. Во железничката инфраструктура информира дека ќе продолжи изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор VIII, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и проектот за заеднички железнички граничен премин и железничка станица Табановце. Во областа на животната средина и комуналната инфраструктура предвидени се инвестиции во изградба на водоводни и канализациски системи, пречистителни станици во повеќе општини, регионални системи за управување со отпад, изградба на централни и локални капацитети за управување со отпад и продолжување на проектот за Пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Министерката за финансии истакна дека ќе продолжи реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со инвестирање во енергетски ефикасни објекти во општините и јавните здравствени установи. Во образованието и детската заштита биле обезбедени средства за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, училишни и спортски сали, реконструкција на студентски и ученички домови и инвестиции во универзитетската и спортската инфраструктура. Во земјоделството, според Димитриеска Кочоска, ќе продолжат инвестициите за рурален развој, изградба и рехабилитација на системи за наводнување, модернизација на земјоделството, изградба на откупно-дистрибутивни центри и инвестиции за подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства. Со ребалансот предвидени се средства за продолжување на реконструкцијата на казнено-поправните установи, вклучително и изградбата на нови капацитети во КПД Идризово.

-Ова се инвестиции што директно го подобруваат животот на граѓаните денес, но и инвестиции кои ќе создаваат економски придобивки и во наредните години. Нашата определба е јасна – капиталните инвестиции да бидат двигател на економскиот раст и инструмент за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Истовремено, остануваме посветени на среднорочната фискална консолидација, постепеното намалување на дефицитот и одржувањето на јавниот долг на одржливо ниво, нагласи Димитриеска Кочоска.

Буџетскиот дефицит од 46,1 милијарди денари, како и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари, ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг, рече Димитриеска Кочоска додавајќи дека финансирањето ќе се обезбедува преку државни хартии од вредност или заеми, од меѓународните финансиски институции и преку задолжувања на меѓународниот пазар на капитал.

МИА

Може да ви се допадне

Водата во Скопје е безбедна за пиење
Нето платата во април 48.779 денари
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, без подолги задржувања на граничните премини
Општина Илинден изврши агрохемиска анализа на обработлива почва
Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!
Таг:2026 годинаВладатаребалансотфинансии
Претходен напис Водата во Скопје е безбедна за пиење
Следен напис Украсни растенија како природни средства против комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?